Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево одржана едукативна работилница за органско пчеларство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево одржана едукативна работилница за органско пчеларство
Агровести

Во Делчево одржана едукативна работилница за органско пчеларство

Последна измена: 07/04/2023 08:15
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Во организација на здружението „Пијанечка Пчела 2“, во Делчево вечерва се одржа едукативна работилница за органско пчеларство. Активноста како што информираше претседателот на здружението Јованчо Медарски е по двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, а целта е пред присутните да се образложи предноста од органското пчеларење, како и заштитата од штетникот „вароа“ како деструктор на пчелните семејства.
-Предавачи ни се долгогодишниот пчелар Горан Колев од Кавадарци како и пчеларите Ѓорѓи Хаџи Котарев и Ѓорѓи Андонов. Годинава има доста смртност кај пчелите. Кај некои смртноста е дури до 30 проценти. Најголем проблем ни се климатските промени, исто така и вароата која како голем штетник во голема мера делува на смртноста на пчелните семејства. Се надевам дека наскоро времето ќе се подобри, бидејки во овој момент е многу критична состојбата. Пчелните семејства остануваат без храна, а времето не дозволува да се отвораат да бидат прехранувани, вели Медарски.

Едукаторот Горан Колев со пчеларство се занимава од далечната 1994 година, а како претставник на сертификациско тело „Процерт“ потенцираше дека органското пчеларство е она на што во иднина пчеларите треба да обрнат поголемо внимание.

-Ако имаме пчеларник кој е лоциран негде во планина каде немаме конвенционална медоносна флора, другите услови и тоа како приоднесуваат за органско пчеларење. Многу полесно ќе привлечете туристи денеска ако им кажете дека на оваа фарма има пчеларник, на кој што се практикува органско пчеларење. Би требало таквиот мед од таквите локации да е повкусен отколку од некои локации кои се поблиску до некои индустриски капацитети, рече Колев.

Според кавадаречкиот пчелар локацијата, храната за пчелите и правилната борба со болестите се клучни, за да се задоволат правилата за органско пчеларство.

-Околу самата локација на органски пчеларник факт е дека пчеларникот треба да биде подалеку од загадувачките капацитети кои ќе доведат до загадување не само на медот, туку и на другите пчелни производи. Секој на својот пчеларник исто така треба да води грижа за хигиенско однесување на пчелите, додаде Колев.

Околу презимувањето на пчелите потенцираше дека има повеќе елементи кои треба да се земат во обзир, а околу променливите временски услови подвлече дека на овдешната пчела и одговара самата паша, која и помага да преживува и да се однесува во склад со климатските промени.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:пијанечка пчела
Претходен напис Учесниците од проектот „Птици“ ќе постават куќички за птици во Зоолошката градина
Следен напис Пуштена во употреба најголемата соларна централа во Србија со моќност од 9,9 мегавати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?