Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Учесниците од проектот „Птици“ ќе постават куќички за птици во Зоолошката градина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Учесниците од проектот „Птици“ ќе постават куќички за птици во Зоолошката градина
Магазин

Учесниците од проектот „Птици“ ќе постават куќички за птици во Зоолошката градина

Објавено 07/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на последниот ден од еколошкиот проект „Птици“, којшто Националната галерија изминатиов период го реализираше во соработка со Зоолошката градина Скопје и Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн и училиштата, учесниците денеска на различни локации во Зоолошката градина ќе постават куќички за птици.

Со проектот „Птици“, која започна на 21 март, традиционално се одбележува Меѓународниот ден на аутизмот.

Учествуваа деца од различни училишта и различна возраст, деца од редовна настава и деца со попреченост поточно учениците од ОУ „Невена Георгиева Дуња“, средното училиште „Цветан Димов“, „Св. Наум Охридски“ и студентите од Машинскиот факултет отсек Индустриски дизајн.

-Проектот „Птици“ го започнавме на првиот ден од пролетта со посета на Зоолошката градина, каде што се запознавме со различните видови птици, нивните специфики, местата од каде што потекнуваат и со сето она што ги карактеризира. Инспирирани од нивните живеалишта, посакавме да направиме и ние куќички во кои големиот број врапчиња и славејчиња ќе може да се засолнат и да се чувствуваат заштитено. Благодарение на студентите од Машинскиот факултет – Скопје, отсек Индустриски дизајн, кои ги изработија куќичките, Децата имаа несекојдневно искуство – куќичките од делови да ги состават и да ги декорираат со еколошки материјали. Беа користени материјали од природата, шишарки, семки, цвеќиња, кора од дрва, струготини, соопштија од Национална галерија.

Проектот, како што информираат, прво започнал со прошетка во Зоолошката градината, а потоа со работилница за изработка на куќичките во Чифте амам.

-Децата имаа задача од веќе подготвени делови да ги состават куќичките,а потоа истите да ги декорираат. Се користеа исклучиво еко материјали како живеалиштата би биле комплетно природни за птиците. Во рамки на настан под наслов „Тука сме, заедно сме, а можеме повеќе“ ќе биде презентиран самиот еколошки проект со училиштето домаќин Св. Наум Охридски“, со кои, ние како институција, имаме долгогодишна соработка. На крајот, на 7 април, сите учесници во Зоолошката градина ќе ги поставиме куќичките за користење на различните видови птици, додаваат од Национална галерија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:аутизамзоолошка градинаптици
Претходен напис Трговците на пазарите и во штипските супер маркети ги трошат последните залихи од зеленчук
Следен напис Во Делчево одржана едукативна работилница за органско пчеларство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?