Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање
АгровестиРурален Развој

Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање

Објавено 14/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во моментот во Делчево по невремето кое го зафати градот минатиот четврток има две активни свлечишта, од кои загрозени се неколку куќи на жители на Делчево.

Градоначалникот на Делчевоо, Горан Трајковски информираше дека од таа причина локалната самоуправа со поддршка на ЦУК и други институции бара начин како правилно да се постапи на терен, со цел да не дојде до несакани последици по семејствата кои живеат во загрозените домови.

-После невремето и поплавите во Делчево имаме две свлечишта при што загрозени се две куќи. Тоа се домови на истиот ендек кој го викаме Грозданец. Стабилноста таму се утврдува од статиката на куќите, испративме барања до ЦУК и други институции за да ни дадат насоки што и ние би можеле на тие свлечишта да направиме, бидејки станува збор за понор од околу 20 метри кој од куќите е оддалечен 10 и 20 метри. Како што кажав тоа се куќи на две страни од истиот ендек и затоа бараме препораки за да можеме навремено да реагираме за да не дојде до несакано рушење на куќите, вели Трајковски.

Делчевскиот градоначалник очекува дека по праќањето на извештајот за првичните штети од невремето до Владата ќе следуваат и конкретни информации на кој начин ќе се одвива санирањето на штетите.

-Го испратив извештајот за штетите, тој е разгледан на синоќешна седница на Влада, по што одлуките кои ќе ги носи Владата во наредните два три дена ќе бидат испратени до нас како локална самоуправа и ќе се постапи во најбрз можен рок. Значи се бара најбрзото решение да можат сите настанати штети во најбрз временски период да бидат санирани. За тоа ќе бидат потребни услуги од Македонија Пат или некое друго претпријатие да ги извршува работите, се со цел за да немаме некои постапки кои ќе се одолговлечат и затоа како што имам информација, од Владата се бара законска можност да задолжат јавно претпријатие кое ќе може да ги санира штетите, додаде Трајковски.

Според Трајковски досегашната проценка на штетите е околу милион евра, средства кои најмнгу ќе бидат потребни за реконстуркции на оштетената пат на инфраструктура која најмногу настрада од невремето кое го зафати градот изминатиот четврток.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:делчевопоплави
Претходен напис Николовски: Скоро 5.000 нови носители на земјоделски стопанства се жени
Следен напис Анализа: Да продолжи поддршката на руралните жени, посебно за оние во најнеповолна положба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?