Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализа: Да продолжи поддршката на руралните жени, посебно за оние во најнеповолна положба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализа: Да продолжи поддршката на руралните жени, посебно за оние во најнеповолна положба
Агровести

Анализа: Да продолжи поддршката на руралните жени, посебно за оние во најнеповолна положба

Објавено 14/06/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Континуирана поддршка на руралните жени, посебно за оние во најнеповолна положба, спроведување нови, дополнителни родови мерки, поефикасно споделување информации, зајакнување на институционалната соработка и унапредување на програмите за обука, се препораките од проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“ кои беа презентирани денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).

Проектот се спроведуваше две години, од мај 2021 до јуни 2023 и во него беа вклучени 400 жени-земјоделки.

Според анализата, 99 отсто од руралните жени се запознаени со директната финансиска поддршка во земјоделството и со политиката за рурален развој, голем дел од нив немаат проблем да дојдат до информации, но многу мал процент учествуваат во креирањето нови мерки. 

-Најголем дел од интервјуираните жени, 78,8 проценти, се информирани за мерката „Рурална жена“. Вкупно 72 отсто од нив се пријавиле за мерката, 43 проценти се нејзини корисници, 12 отсто се одбиени, 11 проценти рекле дека не можат да ја искористат поради зголемени цени и долг рок на плаќање, додека девет отсто се изјасниле дека немаат доволно финансиски средства за инвестицијата. Со мерката „Млад земјоделец“, пак, се запознаени 42,4 отсто од жените, но се пријавиле четири отсто, а со мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ се запознаени 27,7 отсто и за неа се пријавиле само три проценти, беше речено на презентацијата на резултатите од истражувањето спроведено во рамки на проектот.

Во однос на политиките, земјишна, даночна, инвестицико-кредитна и за организирање на пазарите, руралните жени се генерално согласни дека треба да се воведе родово одговорна мерка.

-Вкупно 99 отсто од интервјуираните жени се запознаени со директните плаќања, 94 проценти од нив не учествуваат во дефинирање на потребите од нови мерки, а шест отсто индиректно учествуваат преку членување во асоцијации, здруженија, задруги или преку членство во работни групи во МЗШВ. И со политиката за рурален развој се запознаени 99 отсто од интервјуираните жени, но 94 отсто од нив не учествуваат во дефинирање на потребите од нови мерки, а шест отсто, исто како и за субвенцииите, индиректно учествуваат преку членување во асоцијации, здруженија, задруги или преку членство во работни групи во МЗШВ, се наведува во анализата.

Повеќето рурални жени, како што покажуваат резултатите, не се запознаени со општите политики за справување со прашањата кои ги тангираат токму нив, вклучувајќи го дури и Законот за земјоделство и рурален развој, но, од друга страна, се запознаени со програмите од кои најчесто имаат најголем бенефит – програмите за директна финансика поддршка, рурален развој и ИПАРД.

Од интервјуираните жени, доминирале оние со средно образование, 59 отсто, во однос на тие со високо, 21 процент.

Клучната препорака до надлежните институции е да се евалуираат почесто имплементираните политики за да се воочат ефектот и придобивките.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евидентен е прогресот во однос на родовата еднаквост во секторот, а тоа го потврдува и Единствениот регистар сапоред кој, жени се носители на 5 000 нови земјоделски стопанства.

-Свеста во општеството се менува и руралната жена станува активен учесник во општествените случувања, давајќи силен придонес при креирањето на мерките и политиките. За овие неколку години, заедно направивме многу и ќе продолжиме понатаму, да го подигнеме нивото на вклученост на жените земјоделки во општествените активности за што поголема родова еднаквост. Со Телото на обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ФЗНХ и Националната федерација на фармери, пред неколку години почнавме да работиме на унапредување на статусот на руралната жена во општеството. Во 2019 година ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини. Ова ја означи нашата силна определба  да им бидеме силна поддршка на руралните жените и тоа го остваривме. Заедно ја креиравме мерката 115 („Рурална жена“ и прв пат во 2021 година 250 жени земјоделки добија грант до 3 000 евра, како и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме. Минатата година доделивме 70 договори за грант до 6 000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува и понатаму, потенцира Николовски.

На завршниот настан за проектот имаше претставници и од науката, од други институции, студенти и земјоделци. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:проект
Претходен напис Во Делчево активни две свлечишта, општината бара начин за нивно санирање
Следен напис До крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?