Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто
Агровести

Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто

Објавено 13/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа досега реализирале околу 35 отсто од планираните пролетните сеидбени работи.

Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со пролетни култури ќе бидат засеани 161 хектар.

– Најголема површина или 42 хектари ќе бидат засеани со житни култури, од кои 20 со пченка, која како што се знае се засејува на почетокот на мај, 15 со пролетен јачмен, пет со пролетен рж и два хектара со овес. Што се однесува до пролетниот јачмен, сеидбата веќе е завршена – вели Муладаути за МИА.

Според него, на останатите планирани површини ќе се најдат фуражните на 54 и градинарските култури на 65 хектари.

– Кај градинарските култури најголема површина или 22 хектари се планира засадување на грав, на 20 бостан, на по пет хектари компир и кромид, на по два пиперка и домат, а на останатите други култури. Со фуражни култури ќе бидат засеани 54 хектари, од нив 50 со познатата по квалитет дебарска луцерка – посочува тој.

Оваа пролет не е планирано засадување на индустриските култури, наспроти минатата кога беа засеани два хектара со сончоглед.

Муладаути оценува дека пролетната сеидба се одвива според планираната динамика и очекува да заврши во оптималниот рок. Тоа, поради доволната влага во почвата и фактот дека земјоделците располагаат со сета потребна механизација и квалитен семенски материјал.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Дебарскопролетната сеидба
Претходен напис Водостојот на Црн Дрим понизок за 41 сантиметар
Следен напис Инспекторатот за земјоделство со засилени контроли на откупот на пролетната зелка во Струмичко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?