Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инспекторатот за земјоделство со засилени контроли на откупот на пролетната зелка во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инспекторатот за земјоделство со засилени контроли на откупот на пролетната зелка во Струмичко
Агровести

Инспекторатот за земјоделство со засилени контроли на откупот на пролетната зелка во Струмичко

Објавено 13/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, најавува засилени контроли на откупот на пролетната зелка во Струмичко, особено во периодот до Велигден, бидејќи сега побарувачката е најголема и според него не би требало да паѓа цената.

Шапуриќ ова го кажа по средбата со откупувачите и претставници на земјоделците која се одржа вчера во Струмица и при тоа истакна дека од инспекторите се извршени контроли на откупните пунктови каде е констатирано дека пролетната зелка се откупува за 20 денари за килограм.

-Ние вршиме надзор на тоа што е наша законска надлежност, а тоа е една недела да има минимална цена, дали се во ред откупните, односно кантарните белешки, да не се откупува по една, а да се издаваат белешки на друга цена. Јас неколку пати јавно ги повикав сите земјоделци доколку имаат таков случај да поднесат приговор, но досега немаме добиено такво нешто – рече директорот Зоран Шапуриќ.

Производителите велат дека за нив исплатлива цена е од 30 до 35 денари за килограм и откупот под тие цени е нерентабилен.

-Со зголемените цени на репроматеријалите за нас не е исплатлив откупот под 30-35 денари за килограм зелка. Цените секојдневно се менуваат и нам ништо не ни е сигурно – рече земјоделецот Васе Панов.

Според трговците денеска пролетната зелка во Струмичко се откупува по 15 денари за килограм. Тоа го оправдуваат со односот меѓу понудата и побарувачката, но и заради руско-украинската криза. Таму порано завршуваше над 40 отсто од вкупниот пласман на пролетната зелка од регионот.

-На украинскиот пазар можеме да сметаме на извоз од најмногу 10 отсто, а за остатокот се трудиме да најдеме други пазари. Интерес за зелката има од романскиот и полскиот пазар, потоа пласираме на поранешните југословенски простори и дел во ЕУ. Сега во шпицот на бербата стасуваат големи количини зелки, односно понудата е поголема од побарувачката и плус оваа градинарска култура е засеана повеќе од лани – објаснува трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“.

Инаку, во Струмичкиот регион годинава се зголемени површините со пролетна зелка за околу 20 отсто во споредба со лани и годинава се очекува принос од 60 илјади тони што е за 10 илјади повеќе од 2021 година.

Изовор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелкаЗемјоделствоИнспекторатконтролиструмичко
Претходен напис Во Дебарско пролетната сеидба досега реализирана со околу 35 отсто
Следен напис Македонските вина претставени во Италија на еден од најголемите саеми за вино во Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?