Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во Дебар утре ќе се запрашува против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелите


Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје – Охрид, утре на подрачјето на општина Дебар ќе реализира програмско запрашување против комарци.

Тоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебар за спроведување превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа противепидемиска мерка.

Запрашувањето ќе се врши во период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

– Екипите на Центар за јавно здравје Охрид, на 14 август (петок) ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и пограничен појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата, стои во известувањето на Центарот.

Поради тоа се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Центарот за јавно здравје наведува дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

МИА

Авг 13, 2020agrotim2
Француската влада ги зголеми субвенциите за производителите на вино на 250 милиони евраНајчесто поставувани прашања за ИПАРД Мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси

Напишете коментар Откажи одговор

13/08/2020 АгровестиДебар, дезинсекција, Запрашување против комарци, заштита на пчелите, комарци, пчели44

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019
×