Франција ги зголеми субвенциите за производителите на вино, кои се соочуваат со голем пад на побарувачката откако рестораните и баровите беа затворени поради пандемијата, а американските царински тарифи го ограничија извозот.
„Државата ќе го зголеми својот стимулативен план на 250 милиони евра и ние ќе побараме таа помош што е можно поскоро да биде распределена, затоа што итно е потребна финансиска помош“, рече францускиот премиер Жан Кастекс, за време на посетата на лозјата ‘Menetou-Salon’ i ‘Sancerre во областа на Лоара.
„Меѓународна состојба, здравствена криза и пад на извозот: нашиот вински сектор се соочува со големи тешкотии. Државните субвенции мора да продолжат и да се зајакнат“, напиша премиерот неодамна на својот профил на Твитер.
Првично биле одобрени 140 милиони евра, а потоа сумата ја зголемиле
Потсетуваме дека, Франција во мај обезбеди 140 милиони евра со цел да го дестилира вишокот на вино во етанол, што ќе се користи за производство на дезинфекциони сретстав.
Сепак, тие мерки не ги исполнија барањата на синдикатите. Францускиот Национален сојуз на фармери (FNSEA) очекуваше повеќе, па тие побараа вкупно 500 милиони евра помош за производителите на вино, вклучувајќи 260 милиони евра за дестилација, со што би биле опфатени околу три милиони хектолитри вино.
Во јуни, тамошната влада обезбеди дополнителни 30 милиони евра субвенции за винарскиот секторот , вклучувајќи и 15 милиони за започнување на проект за приватно складирање и дестилација на два милиони хектолитри вишок вино.
Покрај влијанието на вирусот СОВИД-19, француската винска индустрија претрпе штета и од новите американски увозни давачки наметнати како дел од трговскиот спор меѓу Европската унија и САД поради субвенциите за авиони.
Извор: Агроклуб