Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Босилово се одржа „Ајваријада 2023“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Босилово се одржа „Ајваријада 2023“
Магазин

Во Босилово се одржа „Ајваријада 2023“

Објавено 01/10/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во Босилово за прв пат се одржа локалната манифестација „Ајваријада 2023“, на која дваесетина домаќинки од утрово ги запалија печките и почнаа да ги печат и подготвуваат пиперките за ајвар.

Според организаторите, манифестацијата има за цел да ги промовира сите специјалитети од црвена пиперка.

– Оваа манифестација е од големо значење за нашата општина и земјоделските производители кои се занимаваат со градинарско производство и одгледување црвени пиперки. Се надевам дека како познати производители на овој вид пиперки ќе покажеме дека нашите домаќинки го подготвуваат најдобриот ајвар по рецепт која се пренесува од генерација на генерација, рече градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Подготвениот ајвар се дегустираше со домашно сирење на спортското игралиште на училиштето „Гоце Делчев“, а покрај него од штандовите можеше да се вкуси и лутеница, малиџано и други специјалитети подготвени од црвени пиперки.

Во рамките на манифестацијата се одржа богата културно уметничка програма со настап на познати пејачи и културно уметнички друштва.

Ајваријадата се одржа под покровителство на Општина Босилово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МИА

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Претходен напис Од утре тргнува исплатата на пензиите во Македонија
Следен напис Сончево со мала локална облачност, продолжува топол период
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?