Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во беровско Мачево се одржа заедничка меѓународна вежба за справување со пожари на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во беровско Мачево се одржа заедничка меѓународна вежба за справување со пожари на отворено
Агровести

Во беровско Мачево се одржа заедничка меѓународна вежба за справување со пожари на отворено

Објавено 21/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување денеска во регионот на Општините Берово и Делчево се организира меѓународна вежба со акцент на гасење на шумски пожари.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути истакна дека денешната вежба е уште еден доказ дека Дирекцијата е подготвена за сезоната на пожари која што  претстои, а дополнителен доказ за тоа како што напомена е дека 2021 која што беше критична година, каде што учествуваа и тимови од соседни земји, но и од други земји како Австрија и Словенија се добредојдени бидејки сите заеднички соработуваа и дејствуваа во однос на справување на пожарите на отворено.

-Денеска во траење од неколку часови имавме билатерална вежба односно гасење на пожари на отворено. Учествуваа тимови од Бугарија, наши тимови, доброволните друштва. ПЕ на општините кои што гравитираат во регионот, заедно со тимовите оз воздухопловот, еден од воздухопловите на ДЗС и сите други пропратни единци, камиони, механизации, учествуваа во гасење на пожари на отворено, каде што се вклучени и други работни точки односно точки за пребарување на лица коишто се оддалечуваат и исчезнуваат во случај на избувнување на пожарот на куќа итн.  Значи сценариото е да вежбата трае неколку часа на четири работни точки, а моментално се наоѓаме на претпоследната работна точка каде што дејствуваат доброволните друштва од регионот во гасење на пожари на отворено, а истовремено додека ние зборуваме ќе се подготвува и интервенција на нашиот воздухоплов во гасење на пожари на отворено, рече Максути.

Ваквите вежби и заедничка соработка според Максути се многу важни во насока на заедничко дејствување на целиот систем при вакви непогоди.

-ДЗС е последната единица во ланецот на справување со ваквите несреќи, односно катастрофи коишто ги поминуваат границите на можностите на една општина односно на една институција. Затоа кажуваме дека кон едно вакво сценарио треба да се  сите за да дејствуваме што е помош можно поуспешно во справување со истите, додаде Максути.

Подвлече дека со заеднички настап, само со заеднички напор и со здружување на сили и добра координација помеѓу институциите можеме да се каже дека тие се подготвени да се справат со било каква ситуација која што може да се појави во следниот период. На настанот присуствуваше и раководителот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:беровсковежбаМачевопожари
Претходен напис Приведени дрвокрадци во кочанско
Следен напис Директорот на АХВ Бабовски одржа билатерален состанок со српскиот колега Петровиќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?