Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Берово се одбележува Денот на Малешевскиот мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Берово се одбележува Денот на Малешевскиот мед
Агровести

Во Берово се одбележува Денот на Малешевскиот мед

Објавено 18/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На иницијатива од членовите на Здружение на пчелари на Малешевијата „МЕДЕН ДАБ” од Берово, денеска во двете основни и во средното училиште во Берово, се одбележа Денот на малешевскиот мед- 18 Октомври. 

Во рамки на настанот на учениците им беше поделен меден појадок и проспект за значењето на медот во исхраната и им беа презентирани, начинот на производство на мед и придобивките од оваа здрава намирница.  

– Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со важноста на пчелите, за биодиверзитетот и можноста за развој на економијата во локалната заедница, информираа од гимназијата „Ацо Русковски“.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој нагласи дека Малешевијата е регион во кој пчеларството има долга традиција, а  медот е со  врвен квалитет. 

– Сето тоа е така поради природните предели со кои располага ова подрачје. Затоа овдешниот мед е разликува од медот кој што е произведен на друго место. Медот, кој го произведуваат пчеларите од нашиот  регион,  постојано се рангира на високи позиции, со највисок број на бодови, на различни натпревари во и надвор од државата, додаде Пекевски.

Организаторите на настанот ја повторија определбата за целта на денешниот настан.

– Целта е да се презентира  колку медот е хранлив и добар за здравјето и колку е пожелно граѓаните да го консумираат секојдневно и исто така децата да го вкусат медот, кој се произведува во нашиот регион и да научат дека Малешевијата е богата со здрава и квалитетна храна, додадоа од „Меден Даб”.

Од здружението изразија надеж дека настанот од година во година ќе нуди поквалитетни содржини со вклучување на експерти од пчеларството кои во иднина ќе одржат предавања на оваа тема. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:беровоДенот на Малешевскиот медодбележува
Претходен напис Вонредни контроли на АХВ и во Куманово, уништени околу 100 килограми небезбедно месо
Следен напис (ВИДЕО) Трипуновски: Нови Подрачни единици во Новаци и Могила, министерството се’ поблиску до земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?