Во Општините Новаци и Могила од денеска ќе функционираат Подрачни единици на МЗШВ, најави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
„Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Целта е како што ветивме да продолжиме да го отвораме Министерството кон земјоделците. Во оваа општина според Регистарот има некаде околу 1.000 земјоделци кои што своите потреби ги извршувале во општина Битола. Сега ќе можат овде земјоделците да проверуваат податоци, да аплицираат и слично.
Министерството ќе биде подостапно за земјоделците. Тие заслужуваат да бидат информирани за секоја активност на Министерството“.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
