Во местото Унтертауерн во Австрија во силно невреме, како последица од удар на гром, на пасиште настрадале 16 говеда. Овој случај го коментираше директорот на Австрискиот државен ветеринарен инспекторат, Јозеф Шошл кој вели дека такво нешто досега не доживеал. Се претпоставува дека говедата настрадале во средата на 26 август.
-„Во Унтертауерн, на подрачјето на Гнаденалм, гром усмрти 16 говеда што јасно го утврдивме со помош на локалната инспекција“, изјавил директорот за тамошните медиуми.
Се работи за стока во сопственост на двајца фармери
Усмртената стока била изнесена на пасење, а двајцата сопственици тврдат дека последен пат ги виделе седум дена пред несреќата. Бидејќи животните подолго време не се појавиле, тие тргнале во потрага по нив. Затекнале шокантна глетка, имено ги пронашле своите животни како лежат мртви на алпските ридишта.

Ветеринарката која дошла на увид, Џудит Сихлер потврдила дека причина за смртта е гром. Меѓутоа кога и кој гром точно ги усмртил говедата, не е познато.
_„Ова е прв пат во мојата кариера толку голем број на животни одеднаш да бидат погодени од гром“, признава Шошл.
Висината на штетата сеуште не е утврдена, но се претпоставува дека стоката била осигурана.

Сличен случај и во Хрватска
Во Австрија последен пат ваква работа се случил во 2016 година во Посталм кај Стробл. Тогаш гром усмрти 17 говеда, поточно 12 крави и 5 телиња кои сакале да се засолнат од силните грмотевици под дрво.
Вакво сценарио неодамна имало и во Хрватска. Имено гром усмртил стадо од 20-ина овци кои се сокриле под еден даб од невремето, а самиот сопственик Ѓуро Вученович од Турчевич поле „за влакно“ ја избегнал несреќата.
Она што и стави посебен белег на оваа приказна е тоа дека луѓе со големо срце му помогнаа на овој 62- годишник да се опорави од настанатата штета.
Извор: Agroclub
