Розевата боја е се помоќна во светот на виното, а нов голем адут на оваа сцена е розевото шампањско кое го промовира лично Бред Пит. Секое ново вино со логото на винаријата Miraval е извонредно возбудливо, не само поради славниот (поранешен) брачен пар кој стои позади него, туку и поради фактот дека Анџелина Џоли и Бред Пит воспоставија систем во кој од винаријата Miraval не излегува лошо па дури ни просечно вино.

Новото вино, розе шампањ Fleur de Miraval, е резултат на петгодишната работа во која учествуваше и Бред Пит, за кого во винаријата велат дека прераснал во вистински мајстор за вино. Не знаеме, секако колку има вистина во овој маркетиншки „трик“. Она што е секако јасно, е дека Бред Пит е многу горд на овој проект и дека не стравува да го поврзе своето име со ова вино и затоа одлучи за прв пат откако тој и Анџелина Џоли влегоа во винскиот бизнис, да стане заштитно лице во кампањата за новото вино.
-„Fleur de Miraval е кулминација на петгодишната работа, откривање и дегустирање, а сето тоа е правено во целосна тајност“ – изјавил Родолф Петерс, винар, специјалист за шампањ кој соработувал со Бред Пит и со винаријата Miraval во создавање на овој розе шампањ.

Шампањот, со купаж 75% шардоне и 25% пино ноар, лежел на талог од квасец три години, а секое шише е обоено со целосно непроѕирна боја, за да може виното да се заштити и од најмало сончево влијание, што може да биде погубно за овој пенлив деликатес. Ова вино е ексклузивно и првата година ќе бидат продадени само 20.000 шишиња. Едно шише чини 340 евра, а промоцијата е закажана за 15 октомври.
Извор: Vino@fino
