Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во акумулациите Липково и Глажња има доволно количини вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во акумулациите Липково и Глажња има доволно количини вода
Агровести

Во акумулациите Липково и Глажња има доволно количини вода

Објавено 23/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кумановци ќе имаат вода за пиење во текот на целото лето, информираа денеска надлежните од АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Во моментов во двете акумулации, Липково и Глажња има околу 17 милиони метри кубни вода. Според надлежните, овaа количина е доволна за да се задоволат потребите и за пиење и за земјоделците за наводнување.

-Во моментов има рестрикции за вода за земјоделците, со тоа што тие имаат два дена вода за наводнување, додека три дена се исклучени. Целта на оваа наша регулатива е да ја зачуваме водата за Куманово и Липково да има во текот на целата година. Водовод Куманово троши годишно околу седум и пол милиони метри кубни вода, зависно од потрошувачката на граѓаните и ние сме подготвени да им ја испорачаме целокупната количина, изјави директорот на „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски.

Ова претпријатие ја почна сезоната со 15 милиони кубни метри вода, сега има уште два дополнителни. Екипите редовно ги сервисираат дефектите во текот на целата година.

Илиевски  појаснува дека имало реакции од граѓаните за појавата на алги и за црвеникавата боја на водата во акумулациите.

-Имаше реакции од граѓаните за квалитетот на водата како што потенциравме минатиот пат го испитавме квалитетот на водата во акредитирана лабораторија и се потврди дека црвената боја над водата која во моментов е повлечена е од цветови на алги, имаме микробиолошки анализи каде што се потврдува дека водата во браната Липково и Глажња е од прва категорија за пиење. Нормално по прочистување во филтер станица, нагласува Илиевски. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ГлажњаЛипково
Претходен напис Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште
Следен напис Дебата: Илегалните активности се закана за шумарскиот сектор, ова е проблем на целото општество
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?