Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во 59 полициски акции во Струшко запленети стотици кубици дрва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Во 59 полициски акции во Струшко запленети стотици кубици дрва
Агровест

Во 59 полициски акции во Струшко запленети стотици кубици дрва

Последна измена: 09/10/2020 12:29
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Стотици метри кубни нелегално исечени дрва запленила полицијата при редовни контроли во Струшкиот регион во изминатите девет месеци. Покрај дрвата, полицијата запленила и моторни возила со кои се пренесувале, а поднесени се 11 кривични пријави против сторители на нелегална сеча на шуми и нелегална трговија со дрва.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека во полициските акции за сузбивање на нелегалната сеча на дрва од почетокот на годината реализирани се 59 контроли низ шумските појаси во Струшко или за 10 повеќе од истиот период лани.

– Имаме зголемување на контролните активности на полициските службеници, кои резултираа со значителна количина дрвна маса и приведување на сторителите на казнените дела. Сите овие активности значат безкомпромисна борба на СВР Охрид против сторителите на казнените дела „нелегална сеча на шуми“, „нелегална трговија со дрва“, „пустошење на шуми“ и слично, вели Димоски.

Дрвата најчесто се пренесувале со џипови без регистарски ознаки, како и патнички моторни возила од кои поголемиот дел биле со поминати сообраќајни документи.

– Не изостанува и транспортот со камиони, а имало и случаи на пренос на нелегално исечени и неозначени со жиг дрва со коњи, како и други начини на транспорт, изјави Димоски. Жителите на дел од струшките села се жалат на прекумерна и неконтролирана сеча на шумите во нивните опкружувања.

– После осум месеци жителите на селото Октиси повторно се соочуваат со нелегална сеча на дрвата со која се загрозуваат изворите. Немаат право на нивна сопственост, одземени им се од државата. Тотално сум разочаран од целата ситуација, вели претседателот на Месната заедница во Октиси, Енис Мемедоски.

ред само два дена струшката полиција кај местото викано „Мороишки мост“ во камион кој пренесувал дрва констатирала дека тие се без жиг и со стара испратница. Веднаш била известена шумската полиција во Струга, а камионот бил упатен во шумското стопанство „Јабланица“, каде се истоварени дрвата.

Извор: Опсервер.мк

Може да ви се допадне

Белгија пронајде форматенат во замрзнати јагоди од Србија
Мицкоски ги повика младите да аплицираат на огласите за грантови од Оперативниот план
„Дебела маќеница“ – Против чир на желудник, кожни заболувања и спортски повреди
До 100 000 евра поддршка за враќање на МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ во село и живот во руралните средини
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
Таг:запленети дрванелегална сечаСтрушко
Претходен напис Извештај на ЕК: РС Македонија е умерено подготвена во областа на енергија и енергетска политика
Следен напис Бектеши-Петровиќ: Заеднички да работиме на надминување на предизвиците и зголемување на конкурентноста кај земјите во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?