Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влажноста на земјиштето клучна за правилна обработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Влажноста на земјиштето клучна за правилна обработка
Совети

Влажноста на земјиштето клучна за правилна обработка

Последна измена: 02/01/2020 13:17
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Земјиштето треба да се обработува, по можност кога има умерена содржина на влага во неа бидејќи во спротивно тоа ќе биде отежнато со поголема потрошувачка на енергија, квалитетот на работа е полош а се уништува и структурата на земјиштето.

Обработката на земјиштето како важна агротехничка мерка има задача да ја одржи структурата на земјиштето и неговите физички, хемиски и микробиолошки особини, односно неговата плодност. Редовната обработка на земјиштето е обврска на секој земјоделец кој сака добри приноси.

Агростручњаците обкаснуваат дека начинот и времето на обработка на земјиштето зависи од временските услови, време на берба и особини на предпосевите, како и од биолошките својства на видот кој ќе се одгледува.

Умерената содржина на влага во земјиштето е најважна

Без оглед дали се работи за интензивно или екстензивно земјоделско производство, земјиштето мора да се обработува, по можност при умерена содржина на влага. Доколку се обработува премногу влажно или суво земјиште обработката е отежната, поголема е потрошувачката на енергија, квалитетот на работа е полош а се расипува и самата структура на земјиштето.

На суво земјиште може да дојде до расипување и кршење на машината и оружјето а на премногу влажно земјиште често машините се лизгаат и можат да се заглават во кал и затоа е најдобро земјиштето да се обработува при умерена пластичност.

Седум категории на „ влажност “ на земјиштето

Земјоделските стручњаци објаснуваат дека конзистенцијата односно цврстината, густината и постојаноста на земјиштето опфаќа поврзаност, приближување, збиеност и пластичност а тоа се разделува во седум категории.

– ” Прв степен е цврста состојба, што значи дека ако две грутки земја се приближат, не се лепат и со сушењето не ја менуваат големината. Друг степен е полуцврста состојба, каде две грутки земја со слаб притисок се залепуваат а со сушењето се собираат и стануваат поцврсти” потенцираат стручњаците.

Во третата жилава пластична состојба, земјата не се лепи на металните алатки со кои се обработува и само со силен притисок може да се валка во форми од 2-3 мм. Четвртиот стадиум е леплива пластична состојба кога земјата се лепи на металните орудија а петтиот степен на жилава течна состојба е кога земјата има форма на леплива густа каша.

Шестиот степен е густа течна состојба, кога земјата е во форма на ретка каша а последниот седми е ретка течна состојба во кое земјата е течна како вода. Во најголема мера на пластичноста и конзистенцијата на земјиштето влијае содржината на глина и органските материи во него. “

Земјиштето во мека пластична состојба е идеално за обработка .

Според земјоделските стручњаци, оптимално време за обработка е кога повеќе капиларни пори во земјиштето се заситени со вода и тогаш нема опасност од расипување на структурата. Земјиштето треба да се обработува кога влагата е под долна граница.

Кога содржината на влага се намалува спрема границата на цврстина, земјиштето станува се погусто, ја губи пластичноста и тоа е најдобро време за обработка а најпрактичен начин за проверка производителите можат да спроведат со стискање грутка земја во рака.

” Доколку грутката се лепи и со стискањето во рака се истиснува низ прсти, земјата е кашеста а ако пак грутката ја задржи формата но со притисок на прстот може да се деформира, земјата е меко пластична. Ако само со посилен притисок грутката се валка а не се рони , земјата е цврста и докдолку со посилен притисок може да се гмечи, но не може да се врти во раце, земјата е цврста, објаснуваат тие и велат дека најпогодно време за обработка на земјиштето и други работи на поле е кога тоа е во мека пластична состојба“, објаснуваат стручњаците.

Може да ви се допадне

Пестициди, бактерии и јајца од паразити на јагодите: Миењето со вода не е доволно, запомнете две правила
(ВИДЕО) Дали ги насадивте доматите? Еве што треба да направите следно!
Како да препознаете квалитетни садници од зеленчук?
(ВИДЕО) Најчести грешки во одгледувањето на пиперки на отворено
Избркајте ги гулабите од терасата еднаш засекогаш: Оваа работа не можат да ја поднесат!
Таг:енергјаземјаземјиштеквалитетобработкапочва
Претходен напис Од 1 јануари во сила рамниот данок
Следен напис Лимитот за плаќање во готовина зголемен од 500 на 3000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?