МЗШВ РАСПИША 5 ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ НАД З ХЕКТАРИ.
Интересот на земјоделците за државна земјоделска земја е секогаш голем и до неа се доаѓа преку јавен оглас и јавен повик кои ги распишува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За да биде појасно, кога е Јавен ПОВИК во прашање се работи за државна земјоделска земја во атарот на селата која е слободна, не се користи или се обработува без договор и со овој повик се овозможува за истата земјоделските производители да аплицираат и да склучат договор со МЗШВ.
Кај ЈАВНИОТ ОГЛАС, МЗШВ ги објавува површините со точно утврдени катастраски парцели (КП), а кај ЈАВНИОТ ПОВИК, министерството ги повикува сите кои се заинтересирани да аплицираат за површини кои сакаат, согласно уврдените критериуми.
За таа цел најнапред треба да се види кои парцели се слободни, а тоа најдобро е да се направи во Подрачната единица на МЗШВ. Може да биде и дел од парцела и повеќе парцели, само вкупно да не е повеќе од 3 ха.
Откако ќе се провери во ПЕ дали некоја катастарска парцела е слободна, се вади имотен лист од катастар и потврда од Општината дека бараната КП е надвор од градежен реон. Потоа треба да се изготви геодетски елаборат, бизнис план и заедно со потребните документи кои се наведени во повикот, да се аплицира.
