Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Власта очекува економски ефекти уште во првиот квартал и најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Власта очекува економски ефекти уште во првиот квартал и најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции
Агровести

Власта очекува економски ефекти уште во првиот квартал и најавува 23 милијарди денари за капитални инвестиции

Објавено 18/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата очекува ефектите од нејзините мерки за стаблизација на економијата да станат видливи уште во првиот квртал од годината, а од владејачката СДСМ стигнуваат најави за вложување на околу 23 милијарди денари во капитални инвестиции во текот на 2021-та.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера од Тетово најави дека веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, најавувајќи и други средства за пакетот мерки за годинава, покрај 85 милиони евра од државниот буџет за поддршка на економија, здравствениот сектор и социјални категории кои ги чувствуваат ефектите од ковид-кризата.

Бесими нагласи дека некои мерки веќе се применуваат, потенцирајќи дека се во комуникација со коморите за нивна реализација, при што во континуитет ќе се работи и на нивно промовирање.

– Тоа што е важна порака до стопанствениците и граѓаните е дека ние во секојдневна основа ги следиме движењата, слушаме, добиваме одредени сугестии, правиме анализи и навремено ќе излеземе со одредени мерки, како што беше 2020. По сите извештаи на ММФ и на други релевантини институции и ефектот на микроекономски политики и мерки даде резултат во ублажување во ефектот од кризата што го имаше во нашата економија и нашиот живот, потенцира Бесими.

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека Владата усвоила Програма за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, со која се предвидени 52 милиони денари за надомест на трошоците за набавка на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, печки на палети и фотомапонски панели за производство на електрична енергија.

– Предвидено е да се искористат 52.000.000 денари за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на: сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 остто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања; печки на пелети во домаќинствата до 50 отсто, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство и до 70 отсто, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања; и фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 отсто, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство, наведува Заев.

Во исто време, владејачката СДСМ преку партиско соопштение најави продолжување на инвестициите во инфраструктурата и во капиталните проекти, за да се овозможи рестарт на македонската економија и да се обезбеди основа за подобри економски услови и подобар живот за сите граѓани.

– Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година, наведува партијата.

Според СДСМ, Владата продолжува со силна поддршка кон македонското стопанство, со цел брзо надминување на негативните последици од коронавирусот.

– Пред нас е година на економски предизвици и можности. Преку одговорен, отчетен и инклузивен пристап, реализираме политики што обезбедуваат економски раст, поконкурентна економија и подобар животен стандард за сите. Грижата за сите продолжува, наведува СДСМ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влада на рсмекономски ефектиинвестиции
Претходен напис Во Берово измерени – 16 степени, дневните температури од -5 до четири степени
Следен напис „Зелена недела“ во Берлин – богата програма што ќе може да се следи од фотеља
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?