Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од „Витаминка“ велат дека нема проблем со производството на маслото за јадење, Владата продолжува да ги поддржува домашните компании
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од „Витаминка“ велат дека нема проблем со производството на маслото за јадење, Владата продолжува да ги поддржува домашните компании
Агровести

Од „Витаминка“ велат дека нема проблем со производството на маслото за јадење, Владата продолжува да ги поддржува домашните компании

Објавено 21/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За наредните месеци нема проблем со обезбедување на суровините за масло за јадење, а прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ успешно го снабдува, со 40 отсто, домашниот пазар, рече генералниот директор Сашо Наумоски пред премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши кои денеска ја посетија компанијата.

Според Наумоски, нема проблеми со производството на масло за јадење.

– Изминатите четири години успеавме брендот „Брилијант“ да го вратиме на пазарот и моментно со околу 40 насто го задоволуваме домашниот пазар со масло за јадење. Имаме залихи за непречено работење во наредните три месеци и имаме договори со нашите добавувачи од околните земји за редовно да се снабдуваме со сурово масло за јадење, изјави Наумоски.

Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека е голема поддршката на Владата на домашните компании и ги поттикнува на инвестирање.

– „Витаминка“ е една од најголемите компании од прехранбената индустрија која со своето производство, освен што го снабдува македонскиот пазар со основни прехранбени производи, 47 проценти од своето производство го извезува во 30-тина држави во светот.  Со фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип покрива дури 40 проценти од домашниот пазар. Условот на оваа компанија од прехранбената индустрија, која има над 700 вработени, се должи на инвестициите во човечки ресурси, модернизација на производството и на опремата. Токму затоа, и во услови на криза, Владата ги поддржува компаниите кои се охрабрени да инвестираат и да придонесуваат за развојот на економијата, рече Ковачевски.

Според него, компанијата ги користи придобивките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и од владината мерка за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-КОВИД периодот.

– Со оваа мерка речиси 400 компании добија вкупна финансиска помош од 17,2 милиона евра. „Витаминка“ вложува во нови вработувања, реализира капитални инвестиции, ја зголемува конкурентноста и освојува нови пазари. Токму затоа, ги исполнува условите за користење средства, овозможени со Законот за финансиска поддршка за инвестиции. Поддршката ја добија повеќе од 350 компании. Инвестицискиот проект на „Витаминка“ треба да се реализира до крајот на годинава. Досега се инвестирани 419 милиона денари, а согласно планот, инвестицијата ќе достигне до 702 милиона денари. До овој момент, исплатената државна помош изнесува 68 милиона денари, изјави Ковачевски, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВитаминкаВладатамаслото за јадење
Претходен напис НП „Галичица“ има 10 типови живеалишта заштитени со директива
Следен напис Соја во исхраната на живината – Најдобри начини за нејзино користење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?