Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Владата е тука да помогне и годинава“, одговори Заев на прашањето дали очекува мирен гроздобер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Владата е тука да помогне и годинава“, одговори Заев на прашањето дали очекува мирен гроздобер
Агровести

„Владата е тука да помогне и годинава“, одговори Заев на прашањето дали очекува мирен гроздобер

Објавено 07/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Владата е тука да поддржи и да помогне и оваа година, сигурно ќе развиеме планови и политики за да помогнеме и да поддржиме сѐ со конечна цел, за вакви тешки моменти коишто предизвикаа рефлексија и навистина погоденост во многу гранки“. Вака одговори премиерот Зоран Заев, запрашан каква е состојбата во лозарството и дали очекува мирна откупна година.

– Оваа е една од најзначајните земјоделски гранки во нашата земја, државата да се најде, да биде столб, односно да му биде поткрепа на целиот наш народ за да ги дочекаме и добрите години коишто се надеваме дека ќе дојдат веќе после одминувањето на пандемијата – нагласи премиерот.

Тој рече дека навистина е многу значајно навремено да се прават сите подготовки.

– Како што знаете и лани, благодарение на навремените подготовки затворивме ситуација во која повеќе од 50 проценти државата ги плати парите на лозарите отколку 45 проценти откупувачите. Но, тоа беше екот на пандемијата предизвикана од ковид-19 и навистина покажавме државен интервенционизам на сила. Тој даде резултат заради тоа што кога доаѓаат и тешките времиња треба државата да се најде – додаде Заев.

Тој рече дека следуваат периодите кога треба да се исплати остатокот од двата денари од ланската година, но се завршуваат и постапките на оние мали трошоци коишто останаа и не се сѐ уште исплатени на граѓаните од Повардарие лично, за да може да се заокружи целиот тој процес.

– Она што е важно оваа година, исто така најавите не се добри. Зошто? Заради тоа што пандемијата сѐ уште постои. Сѐ уште до пред некој месец скоро целиот свет, а посебно и нашите пазари македонски, тоа се европските пазари, беа затворени рестораните, кафетериите, тоа ја намалува и потрошувачката на виното. Но, дефинитивно е подобро од лани. Гледаме по залихите коишто се во визбите, но дефинитивно не става во алармантна позиција да се поставиме соодветно за да можеме да бидеме од помош – истакна премиерот.

Тој додаде дека пресекот се прави на крајот на полугодието.

– Значи на крајот на јуни ние ќе го знаеме отприлика пресекот на визбите, количините, резервите, но и секако потенцијалните договори за продажба на виното, пред сѐ наливното, но и флашираното вино и оттука ги разгледуваме сите политики. Сакам преку ова ваше прашање да ги охрабрам граѓаните да сметаат на својата Влада – дециден беше премиерот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виногроздобергрозјезаев
Претходен напис (Фото) Акција за чистење на дел од брегот на Тиквешко Езеро
Следен напис Усвоен Стратегискиот план на Народна банка – Една од целите е развивање на свесноста за климатските промени и придонес кон создавањето „зелена“ економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?