Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоен Стратегискиот план на Народна банка – Една од целите е развивање на свесноста за климатските промени и придонес кон создавањето „зелена“ економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Усвоен Стратегискиот план на Народна банка – Една од целите е развивање на свесноста за климатските промени и придонес кон создавањето „зелена“ економија
Агровести

Усвоен Стратегискиот план на Народна банка – Една од целите е развивање на свесноста за климатските промени и придонес кон создавањето „зелена“ економија

Објавено 07/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стрaтегискиот план на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто со флексибилни, соодветно осмислени и навремени одлуки, во време на брзи промени и дигитална трансформација, придонесува за повисок животен стандард на граѓаните преку создавање амбиент на одржлив и инклузивен економски развој“.

Преку деветте стратегиски цели, Народната банка и понатаму ќе им биде посветена на унапредувањето на процесот на спроведување на монетарната политика, на стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, на управувањето со девизните резерви, а сето тоа заради обезбедување услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги. Истовремено, со оглед на тоа дека живееме во време на забрзани промени на глобалната сцена, како резултат на процесите на глобализација, дигитализација, иновација, климатски промени и глобална здравствена пандемија, Народната банка стави акцент и на овие нови трендови во овие области.

Во фокусот на новиот Стратегиски план ќе бидат и финансиската едукација и инклузија, со оглед на важноста на зголемувањето на сознанијата за предностите од користењето различни финансиски услуги во време на технолошки иновации, како и зголемена свесност за ризиците, што, пак, би обезбедило поголема вклученост на населението и малите претпријатија во финансиските текови и олеснет пристап до финансии.

Воедно, една од стратегиските цели е и развивањето на свесноста за климатските промени и давањето придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што би придонесло за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард. Со издвојувањето на стратегиска цел за транспарентност и отчетност, Народната банка ќе продолжи со активностите за навремено информирање на сите заинтересирани ентитети за своите одлуки, активности, согледувања и оцени, коишто се од значење за економските субјекти и граѓаните, вклучително и во процесите на носење одлуки.

Стратегискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија претставува среднорочна рамка за следните три години, согласно со која ги остваруваме нашите активности и нашата визија да бидеме препознаени како независна, одговорна, професионална, иновативна и транспарентна институција, којашто ужива висока доверба и кредибилитет во јавноста.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:народна банка
Претходен напис „Владата е тука да помогне и годинава“, одговори Заев на прашањето дали очекува мирен гроздобер
Следен напис Короната ни го зголеми апетитот – Фантастични 650 милиони евра завршиле во 9 маркети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?