Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати
Агровести

Владата е одлучна да го истражи случајот со наводите за токсичните деривати

Објавено 19/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По извештаите, кои ќе ги достават задолжените институции, кои имаат рок од две недели да утврдат секоја во својата надлежност во врска со информацијата објавена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ за постоење сомневања дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, ќе се знаат следните чекори кои ќе бидат преземени. Апсолутно ќе има одговорност и Владата е одлучна да го истражи случајот.

Ова го изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање, дали некој во државава ќе сноси одговорност за наводите за увоз на токсични материи, но и зошто институциите претходно не утврдиле дека постои можност за такво нешто.

– Апсолутно ќе има одговорност и затоа и се задолжение сите овие институции, во рок од две недели да достават извештај по што ќе се постапува. Државата во повеќе наврати укажува дека нема да прави компромиси со здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина, рече Арсовски.

Владиниот портпарол додаде дека се постапувало и досега согласно податоците кои ги имале од Царинската управа како надлежна за спроведување на увозна постапка и наплата на давачки.

– Во врска со работењето на фирмата, која беше посочена во ова новинарско истражување во периодот од 2018 до 2020 година Царинската управа земала мостра за анализа при увоз на царинење во 84 увозни постапки. По години во 2018 – 34, во 2019 – 37, во 2020 – 13 мостри. Во ниту еден од доставените примероци не е пронајдено поголемо количество сулфур од дозволеното. Секторот за истраги на Царинската управа извршува контрола на работата на фирмата со која е опфатено целокупното нејзино работење во периодот од овие три години, рече Арсовски.

Тој додаде дека по најавени сомневања за неправилности од други закони, кои се надвор од надлежноста на Царинска управа информиран е Државниот пазарен инспекторат за да преземе обврски во делот на својата надлежност. Пазарниот инспекторат извршил надзор за увезени пратки на ова фирма на 7 февруари 2019 година, при што земал мостра од нафтен дериват – мазут, а по извршената анализа од овластена лабораторија бил добиен резултат дека тој е во рамки на граничната вредности, согласно Правилникот за квалитет на течните горива .

Владата вчера на 71-та седница задолжи неколку институции да направат веднаш контроли и за 14 дена да и достават информации, а објавата на ИРЛ дека токсичните деривати при увоз влегувале како мазут и се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава ја оцени како вонредна и итна.

Царинската управа е задолжена да спроведе внатрешна контрола за конкретниот случај, односно да се испита колкави количини од наведените нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година и под која царинска шифра е извршен увозот и дали податоците во декларациите соодветствуваат со дериватот што е увезен.

Државен пазарен инспекторат, во соработка со Бирото за стандардизација и метрологија и со помош на акредитираната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати треба да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите што увезуваат, како и во институциите што користат вакви горива.

Државниот инспекторат за животна средина е задолжен да вонреден инспекциски надзор во компаниите увозници и корисници на мазут и на други нафтени деривати.

Министерството за економија, пак, треба да се побара што точно се испитува при увоз согласно Правилникот за квалитет на течни горива и дали одредбите од Правилникот се применуваат согласно европските стандарди.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:carinaотровни деривати
Претходен напис 100% измрзнати дел од овошките, најпогодени праските и кајсиите, земјоделците бараат обесштетување
Следен напис Во Крушево на Мечкин Камен се гради објект на полетиштето за параглајдинг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?