Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
АгровестиСубвенции

Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.

Објавено 11/02/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за поледелски култури

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2025/2026 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ориз,`рж, овес, тритикале, просо, сончоглед, маслодајна репка за човечка исхрана, добиточна репка, афион, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, едногодишни засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија;

– Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои во 2026 година имаат засадени површини под тутун и оствареното производство го имаат договорено и продадено во регистрирани откупувачи на тутун запишани во Регистарот на откупувачи на тутун;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија; -Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,7 ха во производната 2025/2026 година, со исклучок на тутун каде што минимум засеана површина е 0,2 ха;

-Висината на директни плаќања за јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, просо, тутун, добиточна репка, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) од алинејата 1 од оваа подмерка, без употреба на сертифициран семенски материјал изнесува 6.000 денари по хектар, освен за оризот каде што висината на поддршката изнесува 18.000 денари по хектар со исклучок на сортата чистач (clear fields) коja не е опфатенa со оваа подмерка;

– Висината на директните плаќања за пченица со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 18.000 денари по хектар, а за јачмен и пченка 13.000 денари по хектар;

– Висината на директните плаќања за сончоглед и маслодајна репка, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар изнесува 10.500 денари по хектар;

-Корисниците од алинеја 1 на оваа подмерка кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и треба оствареното производство да го имаат продадено во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и количините произведени за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а да се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и/или производството го продале во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година на регистрирани одгледувачи на добиток, како и да го употребиле за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште во Регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки;

-Висината на директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 2.000 кг/ха за маслодајна репка и 300 кг/ха за афион, со исклучок во случај кога има спроведено постапка за природна непогода согласно Законот за заштита и спасување; -Листата на едногодишни засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања согласно алинејата 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на оваа уредба;

-Листата на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија кои се предмет на директни плаќања за алинеја 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на оваа уредба; Табелата за минимално употребената количина на семе по хектар е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на оваа уредба и

-Висината на поддршката од алинеjaта 5, 6 и 7 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,7 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури, со исклучок на тутунот.

Крајниот рок за поднесување на барања е 15 мај 2026 година

Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:владамеркимзшвпченицарастенијасубвенции
Претходен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за ГРАДИНАРСКИ КУЛТУРИ за 2026 год.
Следен напис СУБВЕНЦИИ ЗА СТОЧАРСТВО 2026: Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?