На седница на Влада е усвоена Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.
1.7. Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци
– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на говеда кои поседуваат минимум 3 женски говеда, кои се на возраст од 18 до 180 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2026 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 3.5. од став (4) на овој член или предале или заклале говеда во 2026 година во регистрирани кланични капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства одгледувачи на говеда кои поседуваат минимум три женски говеда, кои се на возраст од 18 до 180 месеци на денот на поднесување на барање за поддршка, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2026 година и се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна;
-Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 3 грла до 100 грла 100%, од 101 грла до 150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20% и
–Висината на директните плаќања изнесува 8.000 денари по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 18 месеци, но не повеќе од 180 месеци.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
1.8. Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и
–Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2026 година.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 мај 2026 година.
Извор: Службен весник бр.27, 11.02.2026 год.
