Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино
АгровестиФондови

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино

Објавено 07/12/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 87 договори за грант поддршка во развојот на мали семејни винарии, беа доделени денеска во Неготино. Се работи за поддршка во вредност од 51 милион денари, средства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кои се помагаат малите семејни винарии, во набавка на опрема за производство и ангажирање на стручно лице енолог.

Набавка на иноксни садови и цистерни, водена преса, пумпи за вино, гроздомелачка, каца, филтри, полначки за вино и затворачки за плутени тапи, како и поддршка во ангажирање на стручно лице енолог, се дел од инвестициите кои се поддржуваат.

На настанот присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, Горан Јаковлевски, претседател на здружението на Македонски семејни винарии, претставници на малите семејни винарии, добитници на договорите за поддршка од вториот јавен повик за грант поддршка на малите семејни винарии.

На настанот беше потсетено дека приказната за малите семејни винарии започна во 2019 година. Тогаш преку измените во законот за вино се олеснија критериумите и се создадоа можност за регистрација на физички лица како производители на вино, отворајќи го патот за развој на малите семејни винарии. Присутните проследија видео, за тоа како се развиваше убавата приказна за малите семејни винарии. Беше кажано дека вака започна развојот на нашите мали семејни винарии. Денес тие се наша гордост, по која сме препознатливи во регионот. Уште од самиот почеток малите семејни винарии ја имаат поддршката од министерството и државата, преку грант поддршка до 10.000 евра, за набавка на опрема за производство.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  ги нагласи креираните бројни програми за поддршка.

– Тие се наша гордост и препознатлив македонски бренд, нагласи Николовски, говорејќи за малите семејни винарии и за важноста на секторите лозарство и винарство.

Беше кажано дека одлична е соработката помеѓу министерството и здруженијата на малите семејни винарии, со кои заедно се креираат мерките за развој и поддршка на малите семејни винарии. Вака креираните мерки секогаш даваат резултати.

Горан Јаковлевски, претседател на здружението на Македонски семејни винарии, се осврна на соработката со Министерството за земјоделство и поддршката што континуирано ја добиваат.

– Сите овие грантови завршуваат  на вистинското место. Само со квалитетна опрема може да се произведе квалитетно вино, нагласи тој, додавајќи дека малите семејни винарии редовно добиваат награди во земјава и странство, за квалитетно произведеното вино.

Од 2019 година до денес, се регистрирани вкупно 173 мали семејни винарии, од кои само во оваа година се бележи регистрација на нови 95 мали семејни винарии. До сега распишани се два јавни повици за поддршка на малите семејни винарии. Преку првиот повик поддршка беше обезбедена за 59 семејни винарии, а веќе на вториот повик има скоро двојно поголема бројка на договори, дури 87 договори за грант поддршка до 10.000 евра, при набавка на опрема за производство.

На настанот беше истакната желбата, за успешна реализација на планираните инвестиции и успешен развој на новите мали винарии, за заеднички да се издигне убавото македонско вино, уште погоре на светскат винска мапа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винаригрантденариевра
Претходен напис Извонредна можност за полјоделците: Производите на Словенечки „Млинострој“ достапни на македонскиот пазар
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?