Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високите температури создаваат проблеми за зимските посеви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Високите температури создаваат проблеми за зимските посеви
Агропрогноза

Високите температури создаваат проблеми за зимските посеви

Објавено 10/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топлата зима, без снег, со високи температури, влијае на зимските посеви и не е гаранција за добро презимување. Несоодветните услови ќе доведат до проблеми во развојот на културите, а растенијата на полињата нема да стекнат отпорност на ниските температури кои би можеле да настанат на крајот на зимата.

Постои оправдан страв кај одгледувачите дека растенијата кои се подложени на интензивен раст може да замрзнат. Во многу случаи, тоа може да има катастрофални последици. За студените ветрови и температурите под нулата снежната покривка е најдобра заштита, но сега ја нема. Во самото растително ткиво нема доволно материи, како што е шеќерот, кои придонесуваат за отпорност на студ. На удар се житарките, но и зимската маслодајна репка. Зимскиот јачмен е најчувствителен на покачените температури во овој период. Ненадејниот стрес поради заладувањето може да биде особено проблем за видовите со плитки корени.

Кога ваквото топло време се комбинира со чести врнежи кои ја зголемуваат влажноста на почвата и воздухот, се создаваат оптимални услови за појава на разни инфекции, плевелите имаат интензивен раст, а штетниците се активни.

Надзорот на посевите треба да се врши често и треба да се применуваат заштитни средства доколку тоа е опција и ако наскоро не се предвидува студен бран што би можел да ги сузбие штетните организми. Главниот проблем се болестите на кои ваквите временски услови им се погодни.

За да се постигне побрзо и подобро закрепнување, посевот треба да се третира со биостимулатори и фолијарни ѓубрива во пролет. Тие ќе овозможат брзо компензирање на загубите во минералите. Ова првенствено се однесува на железото, борот, бакарот и цинкот.

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:агропрогноза
Претходен напис Се кројат лозјата во Тиквешко
Следен напис Значително зголемен извозот на пенливи вина од ЕУ – Најголеми извозни дестинации САД и Велика Британија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?