Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вирусот мпокс може да го инфицира и човечкиот мозок, покажува истражување на швајцарски научници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вирусот мпокс може да го инфицира и човечкиот мозок, покажува истражување на швајцарски научници
Агровести

Вирусот мпокс може да го инфицира и човечкиот мозок, покажува истражување на швајцарски научници

Последна измена: 01/07/2025 11:26
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Вирусот мпкос може да го инфицира и човечкиот мозок и да ги оштети неговите клетки, покажува најновото истражување на швајцарски научници од Универзитетот во Берн, објавија денеска швајцарските медиуми.

Како што е наведено во соопштението на овој универзитет и Институтот за вирусологија и имунологија, со оглед на неодамнешното зголемување на бројот на случаи на мпокс вирусот во светот, ова откритие има големо значење и од перспектива на заштитата на јавното здравје, пренесува Свисинфо.

Mпокс (мајмунски сипаници) брзо се шири во многу земји во последниве години. Болеста често има благи симптоми слични на грип и осип, но може да се појават и сериозни компликации, предупредија швајцарските научници.

Околу три проценти од заразените меѓу 1985 и 2021 година развиле невролошки симптоми, како што е енцефалитис, а во некои случаи дошло до фатален исход. Влијанието на овој вирус врз човечкиот централен нервен систем сè уште не е доволно истражено, според студија од Берн. За да проучат дали вирусот се шири во мозокот, научниците користеле таканаречени мозочни органоиди, тридимензионални минијатурни модели направени во лабораторија од матични клетки, кои ги изложиле на примерок од вирусот. Тие заклучиле дека вирусот се шири и доведува до формирање на невродегенеративни згуснувања што се јавуваат кај болести како што е Алцхајмеровата болест. Тимот истражувачи го тестирал и ефектот на лекот „тековиримат“, кој успеал значително да ја намали количината на вирус во делови од мозокот.

Резултатите од најновото истражување се објавени во научното списание „Nature Communications“. 

МИА

Може да ви се допадне

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
Таг:Вирусот мпоксинфицираистражувањечовечкиот мозок
Претходен напис МЗШВ: Исплатени над 170 милиони денари кон 1.636 лица за предадено јагне или јаре
Следен напис Европа зфатена од екстремни жештини: Двајца мртви во Италија, пожари ширум континентот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?