Виолетовите компири или „Purple Majesty” се посебен вид на компири, богати со антоцијанин кој се поврзува со намалувањето на холестеролот во организмот.
Здравствените бенефити на виолетовите компири би можеле да придонесат за негова промоција и поттикнување на производството. Потрошувачката на свеж компир во последните неколку години опадна и покрај зголемениот фокус на потрошувачите на брзата храна и поедноставна подготовка на оброците, а во прилог не му оди ни мислењето дека станува збор за намирница која е нездрава и дебелее.

Неодамнешното зголемување на производството на зрнесто овошје е предизвикано од фактот дека антоцијанот, кој се наоѓа во зрнестото овошје има големи здравствени придобивки. Кај виолетовите компири токму присуството на антоцијанот е виновен за неговата виолетова боја. Кога се консумира во соодветни количини, овој пигмент се поврзува со намалувањето на холестеролот, редукција на дијабетесот тип 2 и намалување на ризик за појавата на карцином.
Британскиот производител на компири Алберт Барлет, во 2010 година, за прв пат на пазарот ја пласирал оваа сорта на комири позната под името Purple Majesty.
– „Во последно време, се повеќе загрижува фактот дека производството се насочува кон она што го купуваат потрошувачите, а не кон оние производи кои се добри за здравјето. Доколку ни се даде можност да го пласираме виолетовиот компир на пазарот, преку промоција на неговите здравствени својства, тоа би можело значително да придонесе за зголемена консумација на антоцијан, што до сега во просек е многу ниска“, појаснува Кети Мартин професор на британскиот универзитет.

И покрај тоа што претставуваат голем извор на енергија, влакна, витамини и калиум, компирите не се на листата на намирници кои се препорачуваат за задолжителна секојдневна консумација. Сепак, научниците веруваат дека токму виолетовиот компир оваа ситуација би можел да ја промени, благодарение на големиот удел на антоцијанот. Истакнуваат дека, со консумацијата на виолетовиот помфрит или пак салати од виолетов компир, би можел да се зголеми и внесот на антоцијанот, а со тоа да се искористат неговите бенифити врз здравјето.

Извор: Аgrosavjet.com
