Холандските одгледувачи со вкрстување на таканаречената шилеста зелка и виолетовата зелка, создале шилеста виолетова зелка наречена Виолети, пишува Freshplazza.
Се одгледува во органско и конвенционално производство. Бојата ја наследила од виолетовата зелка, а благата арома од шилестата.
Може да се користи во рецепти за разни јадења и салати, а се подготвува брзо и лесно. Најмногу се користи за подготовка на салати и предјадења поради нејзината крцкавост. Може да се вари, да се динста, да се пече, да се пржи. Особено е популарна кај помладите генерации кои сакаат здрава и разновидна храна.

Главиците од 500 до 800 грама се продаваат на парче, додека поголемите се преработуваат. Често е составен дел на мешавините од зеленчук поради својата боја. Голем интерес за зелката Виолети покажала и преработувачката индустрија.
Ја одгледува компанијата TB&S, која е специјализирана за шилеста зелка. Имаат вкупно 600 хектари во Холандија и Португалија од каде редовно го снабдуваат европскиот пазар.
Побарувачката за овој зеленчук расте и во Скандинавија, толку многу што производството не може да ја задоволи побарувачката.
Достапна е во текот на целата година. Зелката Виолети одгледувана во Холандија пристигнува на пазарот од средината на јуни, додека складираните се испорачуваат до крајот на март, кога пристигнуваат оние кои се одгледуваат во Португалија и се достапни до средината на јуни.
