Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Виното „Т’га за југ“ на „Тиквеш“ доби двоен златен медал на вински натпревар во Кина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Виното „Т’га за југ“ на „Тиквеш“ доби двоен златен медал на вински натпревар во Кина
Агровести

Виното „Т’га за југ“ на „Тиквеш“ доби двоен златен медал на вински натпревар во Кина

Објавено 22/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
printskrin/tikves.com.mk
Сподели
Ad imageAd image

Црвеното вино „Т’га за југ“ – берба 2019-та од ВВ „Тиквеш“ доби двоен златен медал на најголемиот и најпрестижен кинески вински натпревар кој се одржа во Хонг Конг – „China Wine & Spirits Awards Best Value 2021“. Покрај ова највисоко признание, со злато се наградени и „Vranec Special Selection“ од бербата 2018-та; „Cabernet Sauvignon Special Selection“ 2019-та, како и „Domaine Lepovo Grand Cuvée“ 2016-та. Сребрен медал е доделен за „Vase de Pierre” од 2018-та, додека бронза доби „Тerrasse a l’Ombre“ од бербата 2018.

Двојниот златен медал, што е највисоко признание кое се доделува на овој вински натпревар, „Т’га за југ“ го освои во конкуренција со најпознатите светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од тим од 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари. Во процесот на издвојување на вината со најголема вредност се оценува нивниот квалитет, но истовремено се зема предвид и цената. Освоените награди претставуваат препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.

Оценувачите на „China Wine & Spirits Awards Best Value 2021“ заедно продаваат 75 милиони шишиња вино и алкохолни пијалаци годишно, со што овој натпревар станува највлијателен за продажба на вино и алкохолни пијалоци во светот.

Ова е втор меѓународен натпревар на кој учествува ВВ „Тиквеш“ со своите вина оваа година, постигнувајќи значителен успех. Имено, на мартовскиот „Мундус Вини“ во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија три златни медали и две специјални награди. ВВ „Тиквеш“, која е најнаградуваната винарница во поширокиот регион, во 2020-та година освои 130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:тга за југТиквеш
Претходен напис Полицискиот час од 22 до 5 часот останува во сила до 6 април
Следен напис Сувомесните производи ќе поскапат ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?