Јагодинското пиво е бренд стар 168 години, а сега ќе го произведува пиварата во Ваљево. Нејзините сопственици ја купија и Јагодинската пивара, па во Ваљево сега прават пиво на традиционален српски начин. Насмеаниот чичко од етикетата, во некогашната престолнина на српското пиварство, во еден период беше обележје на Јагодина.
Јагодинчаните велат дека некогаш ни ни знаеле за друо пиво освен „Јагодинско“, но дека тоа е бренд кој го препуштиле и кој полека заминал. Сега „Чичо“ се пресели во пиварата во Ваљево. Нејзините сопственици ја купија и пиварата во Јагодина. Комплетната линија за пиво, која веќе беше згасната, ја преместија во градот на Колубара.
И Ваљевчаните се држат на традицијата на српското пиварство веќе 160 години. За своите пива, покрај 4 видови на хмељ, користат изворска вода, домашен слад и квасец кои ги обновуваат повеќе од три децении.
Ивана Николиќ технолог од секторот за контрола на квалитет, наведува дека сите три производи на пиварата во Ваљево се добиени со традиционална постапка на вриење, со примена на современа технологија.
„Значи се работи за ладно вриење, за долготрајно ладно одржување“, додава Николиќ.
Извор:Аgronews