Меѓународната вселенска станица неодамна испратила назад на Земјата, 12 шишиња бордовско вино и 320 стебла винова лоза од сортите каберне совињон и мерло, кои една година престојувале во Земјината орбита и тоа во име на науката.
Целта на ова истражување е да се испитаат хемиските процеси кои се одвиваат во виното додека тоа се наоѓа во бестежински простор и дали оваа култура ќе преживее во сурови услови кои со себе ги носат климатските промени. Ова вино кое престојувало во вселената ќе се споредува со виното кое одлежало во Бордо Франција.
Оваа пратка, од вселената пристигнала со капсулата “SpaceX Dragon”, во Мексиканскиот залив, а секое шише француско вино било сместено во металн сад поради заштита од кршење. Астрономите морале да му оддолеат и да не пробаат од него. Отворањето на шишињата се очекуваа да биде на крајот на февруари.

Нови решенија за иднината на земјоделството
Компанијата “Space Cargo Unlimited” од Луксембург, која стои позади овој експеримент, ќе отвори едно или две шишиња за дегустацијата која ќе се одржи во Бордо и на која ќе се соберат голем број вински научници. После тоа следуваат месеци на хемиски испитувања чии резултати ќе покажат како престојот во вселената влијаел на меурчињата и седиментацијата.
– „ Нашата мисија беше да придонесеме за науката, а наша цел да пронајдеме нови решенија за идниниата на земјоделството“, изјавил за The Guardian, Николас Гум, извршен директор и соосновач на комапнијата, признавајќи дека ќе биде забавно да се дегустира тоа вино. Додава дека земјоделството во иднина треба да биде еколошко и здраво, а воедно способно да го храни човештвото, па токму поради тоа просторот е многу важен.
Тој вели дека, поради климатските промени земјоделските култури како на пример грозјето, ќе мораат да се адаптираат на потешки услови. Со овие експерименти компанијата настојува да го испита однесувањето на растенијата во стресни услови како што е вакумот, а добиените сознанија планираат да ги искористат за ги направат растенијата на земјата да бидат поцврсти и поотпорни.
Треба да се напомене дека ова не е првпат еден ваков производ да заврши во вселената. Францускиот астроном Патрик Бодри во 1985 година, зел со себе шише вино во шатлот “Discovery”. Ова вино исто така, останало неотворено за време на неговиот прсетој во орбитата.
Извор: agroklub.rs