Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарија „Камник“ со нов производ – првото македонско 100% Carménère
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Винарија „Камник“ со нов производ – првото македонско 100% Carménère
Агровести

Винарија „Камник“ со нов производ – првото македонско 100% Carménère

Објавено 17/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Carménère 2019 е новото вино на Винарија „Камник“, прво во земјата и регионот што е направено 100% од истоимената сорта грозје. Со својот изразено зачински вкус и чист состав, Carménère 2019 маѓепсува и плени со овошно-зачински ароми, изразени пиперкасти ноти и вкусови на цреша, преточени во својот автентичен и живописен јужначки шарм. Маркантноста и специфичниот карактер со кои ова вино освојува се пресликани во етикетата со авторски потпис од страна на реномираниот македонски уметник, Михаил Корубин.

„Инспирацијата што нè водеше да го создадеме ова вино е неговиот дистинктивен карактер и реткост, посебно во нашиот регион. Предизвик да создадеме нешто уникатно и да му дадеме живот. Carménère 2019 е првата чистосортна берба од ова вино, чијашто доследност планираме да ја продолжиме и понатаму. Во поширок контекст, со создавањето на ова вино ја откриваме Македонија како регион со извонреден потенцијал и за оваа сорта. На изненадување на сите, тероарот е навистина посебен и овозможува одгледување и на сортата Carménère со врвен квалитет. Го зачувавме името со цел креирање препознатливост со сортата, а во исто време поттикнуваме и едукација кај сите љубители на виното. Покрај сите овие вредности, етикетата на виното Carménère 2019 носи и свој автентичен потпис, насликана како авторско дело на Михаил Корубин кој преку својата уметничка рефлексија го искажа доживувањето на Carménère 2019”, велат од Винарија Камник.

Впечатливоста кај Carménère 2019 на Винарија „Камник“ прво се јавува визуелно во неговата кармин црвена боја, за вистинската заводливост на ова вино да се доживее од интригантната и специфична комбинација на ароми и вкусови кои совршено се дополнуваат меѓу себе. Доминантни се неодоливите ноти на бибер и печена пиперка, проткаени со вкусови на цреша, темно чоколадо и тутун, обликувани со меки танини. Сортата Carménère оригинално потекнува од винскиот регион Бордо, за подоцна својот триумф да го доживее во Јужна Америка. Целосното доживување од виното Carménère е незаборавно, по што се празнува и денот на ова вино секој 24 ноември.

Винаријата „Камник“ постои повеќе од 15 години и претставува синоним за динамична и модерна средина во која креативноста и науката создаваат современа експресија на автентичната македонска традиција на правење вино. Резултатот се вината на „Камник“, чиј квалитет и посебност се препознаени и одликувани на најпрестижните светски вински натпревари.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:вино
Претходен напис Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, во работна посета на Општина Валандово
Следен напис (Фото) Во авантурата со Дејан туристите во живо гледаат мечка, влегуваат во прашума, но сепак мора да ги почитуваат строгите правила на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?