Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Викенд без ДДВ, планирани една милијарда денари за поврат на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Викенд без ДДВ, планирани една милијарда денари за поврат на граѓаните
Агровести

Викенд без ДДВ, планирани една милијарда денари за поврат на граѓаните

Објавено 05/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Една милијарда денари или 17 милиони евра предивува да врати на граѓаните Министерството за финансии со вториот ребаланс на Буџетот за остварување на мерката „Викенд без ДДВ“, што ќе се реализира продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври годинава.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција за вториот ребаланс на Буџетот, кажа дека во зависност од тоа како ќе се покаже мерката и ако има импакт врз економијата, ќе се одлучи дали ќе се користи и во иднина.

– Тоа е разгледано и имаше такви иницијативи, меѓутоа идејата беше да се види во пракса како ќе функционира и затоа е даден продолжен викенд и е лимитиран износот. Макисмално граѓаните ќе може да потрошат до 30 илјади денари. Таквото лимитирање е од две причини. Едно подобро да се планира буџетот, а второ е да нема многу гужви во тој период и да се пролонгира потрошувачката само во тие три дена, изјави Бесими.

Законските измени, посочи тој, вчера веќе поминаа на седница на Влада и во текот на денешниот ден ќе оди на Собрание. Враќањето на дел од ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните кои се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходни за скенирање на сметки „МојДДВ“.

Согласно законските измени, за време на претстојниот продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице ќе добијат целосен поврат на ДДВ-то.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Викенд без ддвддвмилијарда денари
Претходен напис Африканска свинска треска се шири низ Германија
Следен напис Министерот Арјанит Хоџа, присуствуваше на вториот по ред настан, „Светски ден на Вранецот 2020“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?