Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска присуствуваше на вториот по ред настан„Светски ден на Вранецот 2020“ заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија Н.Е. Сибил Зутер Техада.

Со одржување на ваква манифестација се осигурува препознавање на виното Вранец и целта е да се стави во повисока ценета категорија, што за производителите значи подобра позиционираност на пазарот и поголем доход.
Препознатливоста на Вранецот се поврзува и со препознавање на подрачјата на кои се произведува, а со тоа се придонесува на туристичките понуди и одржување на развој на руралните подрачја како и целосна претпознатливост на нашата земја.

Како идна земја членка на Европската Унија желба ни е да со одржување на Светкиот ден на Вранецот да пратиме порака дека сме посебно горди на производителите на винско грозје и на производителите на вино, бидејки сме сигурни дека ке се препознае добриот квалитет на македонското вино Вранец.

