Денеска заедно со пратениците од прилепскиот регион и претседателот на Сојузот на тутунари, сме во посета на Прилеп, при што посетив неколку компании кои што откупуваат тутун од реколтата 2024 година, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
При разговор со тутунопроизводителите, бев информиран дека се задоволни од постигнатата цена. И тоа 400-тини денари за првата класа и дополнителни 20 денари субвенција за првата класа и тоа достигнува вкупна сума од 500-тини денари.
Согласно податоците кои што ги добив од Земјоделскиот инспекторат до вчерашниот ден се откупени 13 милиони килограми тутун со просечна цена од 399,88 денари. И истиот се исплаќа со тековна динамика односно досега согласно податоците исплатен е околу 78% кон тутунопроизводителите.
Со оваа динамика за многу бргу од денеска ќе заврши откупот на тутун.
Ова е уште еден показател дека власта, Премиерот, Министерството се сериозни и посветени во делот да се врати македонското производство на пиедесталот.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски