Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео)Потпишани првите договори со Центрите за развој на планските региони за финансиска поддршка за изградба на пристапни патишта до ниви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео)Потпишани првите договори со Центрите за развој на планските региони за финансиска поддршка за изградба на пристапни патишта до ниви
Агровести

(Видео)Потпишани првите договори со Центрите за развој на планските региони за финансиска поддршка за изградба на пристапни патишта до ниви

Објавено 12/06/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, ги потпиша првите договори со Центрите за развој на планските региони,  за Јавниот повик преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции. Преку оваа Програма се доделува финансиска поддршка за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој.

„Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Финансиската поддршка ќе се искористи за израмнување, проширување и тампонирање на пристапните патишта до земјоделките површини. Со ваквиот тип на инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до нивите, ќе се овозможи побрз транспорт и ќе намали оштетувањето на земјоделските производите при транспорт“, изјави министерот Димковски.

Министерот посочи дека за овој втор јавен повик, за почеток, се  потпишаа првите договори со четири Центри за развој на плански региони, за девет инфраструктурни проекти, за што вкупната финансиска поддршка е 5,2 милиони денари. Овие први договори се потпишани со Североисточен, Вардарски, Источен и Југоисточен плански регион. Во следниот период ќе се потпишат и останатите договори. 

Димковски потенцираше дека во овие тешки времиња кога нашата држава се наоѓа пред сериозен предизвик во справувањето со последиците од вирусот КОВИД 19, важно е да се создадат услови за покренување на земјоделството, поради што непречено продолжува реализацијата на капиталните инвестиции во земјоделството, и во оваа вонредна состојба.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:изградба а пристапни патиштаИзјавамзшвТрајан Димковскифинансиска подршкаЦентри за развој
Претходен напис Во МЗШВ ќе се потпишуваат договорите за поддршка на планските региони
Следен напис (ВИДЕО) Бачовски: Нови кланици, откупни центри, млинови, млекари, преработувачки капацитети – тоа е тоа што и треба на македонската економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?