Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Хоџа: Законот предвидува пренамена на земјиштето по 10 години, но одлуката се носи врз основа на друга процедура и доколку Министерството го дозволи тоа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Хоџа: Законот предвидува пренамена на земјиштето по 10 години, но одлуката се носи врз основа на друга процедура и доколку Министерството го дозволи тоа
Агровести

(ВИДЕО) Хоџа: Законот предвидува пренамена на земјиштето по 10 години, но одлуката се носи врз основа на друга процедура и доколку Министерството го дозволи тоа

Објавено 14/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Осетлива тема и очекувани се реакциите. Но јас уште од почетокот повикав да го погледнат сите и да дадат забелешки по однос на законот. Треба да се знае дека ваков закон не се носи прв пат туку Законот за продажба на земјоделско земјиште е донесен во 2013 година. Со новиот закон којшто е изработен од страна на ФАО и странски експерти е направен закон со кој ќе се заштити земјоделското земјиште да се пренамени во градежно“, изјави министерот Хоџа во емисијата „Топ тема“ на Телма и додаде дека и сега се врши пренамена на земјоделско земјиште во градежно ако има потреба.

„Моментално во нашата земја се пренаменува земјиште, ако има барање од економија за геолошки истражувања. Се даваат под закуп, така што и после 10-тата година, ако државата цени, право е на Министерството да не дозволи да се пренамени“, вели министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа за емисијата „Топ тема“, коментирајќи го новото законско решение кое предвидува продажба до 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште.

Според него, пренаменувањето на земјоделското земјиште се предвидува со Законот за земјоделско земјиште, но не се носи одлуката.

„Доколку завршува, после 10-тата година, странката бара да се пренамени, не може врз основа на овој Закон да го пренамени. Ќе треба да направи дополнително барање врз основа на законот и Законот за урбанизам и треба Транспорт и врски да нè праша нас како Министерство дали се согласуваме за пренамена“, вели Хоџа.

Со новиот нацрт закон ќе се продава државно земјоделско земјиште за цена од 0,20 евра до 1 евро по метар квадратен или од 12 до 61 денари. Ќе може да се продадат до 50 илјади хектари слободно земјоделско земјиште. Освен утврдената цена, она што е различно од законското решение донесено во 2013 година е што после 10 години земјоделското земјиште освен за градежни активности ќе може да се даде и под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Министерот Хоџа во емисијата појасни за важноста од носењето на законот за привлекување на стратешки инвеститори кои имаат услов да инвестираат минимум 30 милиони евра.

„Со овој закон се овозможува и малите земјоделци да земат земјоделско земјиште под закуп и напоредно да се продава земјоделско земјиште на инвеститорите. Први може да го купат тие што го користат земјоделското земјиште и ќе има приоритет и ќе бидат заштитени земјоделците кои имаат активен договор за земјоделско земјиште“, рече Хоџа.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:законминистерство
Претходен напис Хрватска: Прва сеидба со позната цена на откупот, Мато Брлошиќ: Тоа е модел кој го бараме 30 години
Следен напис Хоџа: На земјоделците им се дава шанса да инвестираат и да го купат земјиштето кое сега го користат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?