Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хрватска: Прва сеидба со позната цена на откупот, Мато Брлошиќ: Тоа е модел кој го бараме 30 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Хрватска: Прва сеидба со позната цена на откупот, Мато Брлошиќ: Тоа е модел кој го бараме 30 години
Растително производство

Хрватска: Прва сеидба со позната цена на откупот, Мато Брлошиќ: Тоа е модел кој го бараме 30 години

Објавено 14/05/2021
Сподели
9 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата година, обележена со пандемијата, земјоделците ќе ја паметат како многу тешка. Иако успеја да се изборат во текот на карантинот продавниците со репроматеријали потребни за земјоделството да работат, проблемите веќе се појавија при самата организација на сеидбата, бидејќи продавниците со резервни делови биле затворени. Понатаму, долго време имаше проблеми и со продажбата на пазарите па земјоделците кои на тој начин ја пласираа стоката, скоро да останаа без приходи.

„Оваа, 2021 година ќе ја памтиме по многу раниот почеток на сеидба, која се развлече, бидејќи имавме еден многу студен период, па дел од земјоделците чекаа потопло време, кое дојде дури во последните денови на април“, вели Мато Брлошиќ од Хрватската земјоделска комора.

Поради прераната сеидба, на места имаме пресејување, но, напоменува тој, не во загрижувачки обем.

„Се надеваме дека оваа година, што се однесува до сеидбата, би можела да биде добра бидејќи имаме многу добар распоред на врнежи“, вели Брлошиќ и додава дека во последно време, скоро секои 5-6 дена паѓа малку дожд, што го забрза никнувањето на сите култури, па и на оние кои се сеени во март.

Поради тој добар распоред на врнежи, кои не беа ниту премалку, ниту премногу, сè што е посеано и плитко и длабоко, никнува, и сите култури, од шеќерна репка, сончоглед, соја и пченка, извонредно се задоволителни.

Поволните врнежи, продолжува тој, за резултат ќе го имаат и квалитетното делување на хербицидите, па се очекува дека нивите ќе бидат значително почисти од плевели.

Кога се во прашање цените на житарките, мислењата се дека се моментално добри и дека земјоделците уште денес можат да го продадат тоа што го посеале вчера. Тоа, според Брлошиќ, ги натерало луѓето многу да вложат во ѓубрење на сите полјоделски култури, па можеме да се надеваме на добра година.

Иако вегетацијата, во однос на претходната година оваа годна доцни 10 до 15 дена, се надева дека на есен нема да има проблеми со созревање на културите.

Помалку маслодајна репка, повеќе пченка и сончоглед

На тема „Пролетна сеидба во 2021 година“, државниот секретар на Министерството за земјоделство, Тугомир Мајдак, неодамна информирал за проекциите на сеидбениот план.
Се најавува зголемување на површините под пченка, на вкупно 290 илјади хектари, шеќерната репка со 10.500 хектари го задржува минатогодишниот тренд, исто како и сојата, а се бележи и раст на површините под сончоглед. Единствено маслодајната репка ќе биде засеана помалку од вообичаено.

„Количините на засеани култури ќе ги знаеме прецизно кога ќе заврши пријавата за субвенции за оваа година“, напоменува Брлошиќ наведувајќи дека она што веќе сега го знаеме е дека минатата есен дошло до пад на сеидбата на маслодајна репка. Станува збор за значително намалување на површините, што во дел е последица на забрана на одредени инсектициди и појава на големи количини на штетници, а улога одиграле и ниските температури во март.

„Таа комбинација на ниски температури и силен напад на штетници имала лошо влијание и на места имавме преорување на површините под маслодајна репка и садење на нови култури“, вели тој.

И додека се бележи значаен пад на површините под маслодајна репка, се очекува, додава тој, благ раст на површините под пченка, бидејќи таа има добра цена. Според него сојата ќе ги задржи истите површини, а се очекува и благ пораст на површините под сончоглед бидејќи површините кои не биле засеани, како и оние под маслодајна репка кои се преорани, главно ги засадиле со сончоглед

Неделна котација на цените е добар модел, но внимателно

Извршниот директор на Секторот кооперација и трговија Жито група, Реља Ковачевиќ, информира за новиот начин на договарање на откупни цени. Појаснува дека таа група прв пат излегла со котација на цените. По тој нов модел секоја недела ќе се нуди можност за договарање на цените. Секој производител кој сака да договори одредени количини од своите површини може тоа да го направи по цена која во тој момент се нуди на светските берзи.

„Токму таков модел баравме одамна, уште пред 30 години. На европските и светските берзи во секој момент се знае цената, додека кај нас таа се донесуваше во последен момент, во текот на жетвата или кога културите веќе се ожнеани, предадени или складирани“, потсетува Брлошиќ, напоменувајќи дека со овој потег на Жито група, хрватските земјодлеци конечно го добиле она што одамна го посакувале и тоа во голем обем, за речиси сите култури. Имено, минатата година тоа веќе го направил Axereal, кој излегол со своја понуда за пивски јачмен и веќе во март минатата година можела да се договори цената на таа култура.

Тоа е, истакнува тој, принцип на работа на европските земјоделски компании кои на земјоделецот му даваат можност да одлучи што ќе сее и колку може да вложи, бидејќи однапред ја знаат цената и имаат обезбеден откуп и познат купувач.

Но важно е, порачува Брлошиќ, дека нашиот земјоделец ќе ја сфати и сериозноста на таквата трговија – одредени количини кои ги продал, значи за кои потпишал договор, мора и да ги предаде на откупувачот во одреден рок.

„Советувам поради сопствена сигурност да не претеруваат со приносите, ниту со просекот, мораат да бидат сигурни дека кога ќе дојде моментот за продажба на стоката на откупувачот, навистина ќе ги имаат договорените количини“, порачува.

Иако станува збор за добар потег со кој се приближуваме на светскиот тренд, нашите земјоделци, вели тој, на ваков модел се уште не се навикнале и имаат многу нејаснотии и прашања, а најмногу секако ги интересира дали понудените цени се задоволителни.

„По мое мислење, цените за оваа година се доста коректни, значително се повисоки од просекот од претходните години, но земјоделците и понатаму живеат во надеж дека во неоја фаза жетвата може ќе биде и уште подобра“, вели и напоменува дека според повратната информација од Жито група, реакцијата на земјоделците на котациските цени веќе сега се доста позитивни и одредени количини стока по тој нов модел, веќе се и барани.

Константно се зголемува цената на минатогодишниот род

Да ги споредиме цените на домашниот пазар на житарки со цените на странските берзи, кај нас тие се нешто пониски, но Брлошиќ вели дека се многу слични на оние на француската, италијанската и германската берза.

„Од почетокот на годината имаме значаен пораст на цените на житарките, што ни дава малку поголема сигурност. Очекуваме дека оваа година, по тоа прашање, би можела да биде подобра од минатата“, нагласува.

Гледано во десетгодишен период, цената на житарките е моментално најголема во последните 10 години. За жал, додава тој, нејзиниот пораст извонредно брзо го следи и растот на цените на репроматеријалите.

„Цената на минералното ѓубриво значително порасна, цената на семето во краток рок скокна и до сто проценти, благо растат и оние на заштитните средства, а за цената на машините и да не зборуваме, невозможно е да се следи“, нагласува.

Според него, изгледа се смета дека сите можат да користат субвенции низ мерките за рурален развој, но за жал, дури околу пет проценти од нашите земјоделци имаат шанса да поминат на тие натпревари и да добијат субвенции за набавка на машини и опрема. Смета дека би требало да се ограничат износите и максимално да се спуштат за што поголем број да можат да добијат.

Извор:

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:договорно производствосрбијаХрватска
Претходен напис На почетокот на јули ќе бидат пуштени во употреба новите павиљони во пазарот во Битола
Следен напис (ВИДЕО) Хоџа: Законот предвидува пренамена на земјиштето по 10 години, но одлуката се носи врз основа на друга процедура и доколку Министерството го дозволи тоа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?