Нов рекорд во продажба на говеда беше поставен на презентацијата на сименталски говеда, а 24 октомври ќе остане во сеќавањето на ирските одгледувачи уште долго време. Како што пишува clonaghherds на денот на продажбата оваа година, немаше миење, фенирање и чешлање на животните бидејќи немаше ниту публика. Без оглед на тоа, бикот наречен Клонаг Лаки Експлорер се продаде за неверојатни 52.000 евра.
Овој бик му се придружи на шампионот од минатата година, Клонаг Јубилант Фабулус, кој беше купен за 18.000 евра, но секако ќе биде запаметен по тоа што високо ја подигна границата на цената.
Бикот „ Лаки“ се отели во мај минатата година и е потомок на наградени родители. Неговиот татко е бикот Манор Парк Хансом, а неговата мајка е јуницата Клонаг Дора чии одгледувачи се Линдзи и Гарет Бехан од округот Лаоис во Ирска.
Ѕвезда уште од раѓање
Во пресрет на аукциската продажба која беше организирана од Роскомон Март, познатите одгледувачи на врвни говеда го опишаа својот бик како посебен од раѓање, велејќи дека тоа е најдоброто грло што некогаш го одгледувале.
Инаку, овој бик беше избран за прв добитник на наградата на Националниот саем за добиток 2019 во Туламор кога имаше само 3 месеци.
Неговата мајка, Клонаг Дора двапати беше прогласувана за сименталка на годината во 2014 и 2016 година. Таа исто така беше Мис на Европа 2016, и веќе имаше наградено теле кое исто така беше продадено за висока сума пари. Неговиот татко е бикот Манор Парк Хансом, кој беше прогласен за најдобар бик во 2019 година, а одгледувачите велат дека неговите телиња се исти како него во однос на структурата на коските и мускулите.
И овен беше продаден за вртоглава сума на пари
Исто така, на аукција во англискиот град Киркби Стивен, беше продаден овен од нивната позната раса Swaledale. Овенот е наречен Бул и Кејв Кинг Конг и исто така е потомок на врвни родители. Тој има црно-бела глава и нозе, додека волната му е светло-кафеава.
Според farmers guardian неговите продавачи добиле дури 60.000 фунти за него, што е околу 66.560 евра.
Само за потсетување, неодамна во Шкотска беше продаден овен за нешто повеќе од 367.000 фунти (околу 411.000 евра). Тоа е сè уште најскапиот овен на светот, кој со право се нарекува „Двоен дијамант“, а станува збор за раса со мускулеста градба, совршена глава и квалитетна волна.
Извор: Агроклуб
