Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа работен состанок со Н.Е. Халид Ибрахим ЕМАРА Амбасадорот на Египет во Софија на кој беше потврдена обостраната заложбата за унапредување на економската соработка меѓу двете пријателски земји и искористување на потенцијалот за трговска размена со земјоделско-прехранбени производи.
Во рамки на Протоколот за соработка во земјоделството, технички тимови од двете страни ќе работат на утврдување на рамка за соработка и листа на производи за кои постои интерес на египетскиот и македонскиот пазар.
Во идниот период ќе се создадат поволни услови за олеснување на трговијата и отворање можности за спроведување заеднички проекти и нови инвестиции
Напишете коментар