Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Министерот Хоџа во интервју за „Жешко политичко лето“ потенцираше дека Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е развоен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > (ВИДЕО) Министерот Хоџа во интервју за „Жешко политичко лето“ потенцираше дека Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е развоен
Агровест

(ВИДЕО) Министерот Хоџа во интервју за „Жешко политичко лето“ потенцираше дека Законот за продажба на државно земјоделско земјиште е развоен

Објавено 16/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во денешното интервју за емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5, министерот Хоџа беше прашан: „Го туркате законот за продажба на државно земјоделско земјиште и покрај толку многу негативни критики. Како очекувате овој закон да добие поддршка? Неговиот одговор е во насока да се демистифицира политичката заднина на сите оние кои се изјаснуваат дека се против овој закон, како и критикувањето без доволно да се знае кои се придобивките за земјоделството и целокупната домашна економија.

„Јас не се согласувам дека повеќе се негативни критики, бидејќи негативните критики се или политички настроени или од луѓе кои немаат допирни тички со земјоделство. Некој се обиде преку законот да направи политичка агенда, што јас како министер, тоа нема да го дозволам и го кажав неколку пати. Сум бил на терен со земјоделци и со тие помалите и со тие поголемите, за да го дообјасниме и што точно се добива со законот. Ако се сеќавате на почетокот, некој од засегнатите страни како што се Национална федерација на фармери, Сојузот на задругари и други, тие беа против идејата но, кога седнавме и дообјаснивме што точно се добива и колку развој се добива во земјоделството со носењето на самиот закон и колку ќе добијат тие што имаат под закуп земјоделско земјиште, и остатокот на слободно земјоделско земјиште што неможеме да го ставиме во функција, а преку овој закон би го ставиле, се укажа на потребата дека навистина овој закон е подобар, овој закон е развоен, не само во делот на земјоделството туку и на економијата… Морам да кажам, надвор од секоја скромност, дека ова е единствениот закон што толку време се дебатира и е ставен на јавна расправа, за да може да извадиме навистина најдобро можно решение“.

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ од ЗНАМ ќе биде новиот министер за земјоделсто
Таг:задругаризаконЗемјоделствоидејаминистерХоџа
Претходен напис (ВИДЕО) Министерот Хоџа: Платежната агенција набрзо ќе го објави повикот за „Зелена нафта“
Следен напис (ФОТО) Земјоделците од Градско, Водоврати и Виничани апелираат до надлежните- каналот 7 дена нема вода, трпиме штети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?