Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Заев: И во оваа тешка година за тутунопроизводителите не изостана огромната поддршка на Владата со дополнителни близу 7 милиони евра, покрај предвидените 32 милиони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) Заев: И во оваа тешка година за тутунопроизводителите не изостана огромната поддршка на Владата со дополнителни близу 7 милиони евра, покрај предвидените 32 милиони
Агровести

(Видео) Заев: И во оваа тешка година за тутунопроизводителите не изостана огромната поддршка на Владата со дополнителни близу 7 милиони евра, покрај предвидените 32 милиони

Објавено 28/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Лага е дека Владата не ги поддржа тутунопроизводителите и за последната реколта за 2020 година, која, истовремено е и година на економска криза заради пандемијата, а вистина е дека и во овие услови Владата издвои близу 32 милиони евра за да се субвенционира тешката година за тутунопроизводителите, кои во времето на претходната влада изнесуваа едвај 20-тина милиони евра“, одговори претседателот на Владата Зоран Заев на пратеничко прашање на седницата во Собранието.

„Направивме сѐ што требаше да се направи и во ваква тешка година, после три одлични години за тутунопроизводителите кога беа постигнати највисоки цени на откупот. За да ги амортизираме последиците од лошата година, покрај субвенциите што се некаде меѓу 30 и 32 милиони евра и кои навремено се исплаќаат во април секоја година, обезбедивме дополнителни 5 милиони евра за откуп на откупните пунктови и уште дополнителни 100 милиони денари за Тутунскиот комбинат Прилеп за да се откупат сите преостанати количини тутун со низок квалитет“, нагласи премиерот Заев.

„Овие наши политики за поддршка на граѓаните во услови на криза, се констатирани во сите извештаи на Светска Банка и на ММФ, и во таа насока продолжуваме понатаму да развиваме политики за помош на граѓаните, на работниците и на стопанството, во остварување на улогата што ја имаме како извршна власт да бидеме сервис на граѓаните и стопанството.“, рече премиерот Заев.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Тутунопроизводители
Претходен напис ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/21 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање
Следен напис (ВИДЕО) Кејт Мидлтон вози огромен трактор за време на семејната посета на фарма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?