Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Владини економски советници во работна посета на Кавадарци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео) Владини економски советници во работна посета на Кавадарци
Агровести

(Видео) Владини економски советници во работна посета на Кавадарци

Објавено 03/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тим од владини економски советници вчера беше во работна посета на Кавадарци каде што остварија бизнис-средби со градоначалникот Митко Јанчев и претставници од бизнис-секторот. По разговорите во кабинетот Јанчев со гостите ги посетија: Винарија „Попови“, „Синалко“ и „Кожувчанка“, „Слога Пром“, Винарија „Јаковлевски“ и ВВ „Тиквеш“.

Високата владина делегација составена од економски советници и промотори во која беа Директорот за економска и јавна дипломатија, амбасадорот Игор Попов, економскиот советник за Турција Сузана Тунева, економскиот советник за ОАЕ и земјите од заливот Бекри Ајдини, економскиот советник за Полска и земјите од Вишеградската група, Иле Псалтиров и економскиот советник за Германија и Австрија, Абдилџемил Саити. На почетокот на посетата тие во кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев остварија средби со претставници од бизнис секторот во градот, се запознаа со увозно извозните активности и работата на компаниите.

Следуваше посета на семејната винарија „Попови“, каде што се запознаа со квалитетот и винските сорти, количеството и начинот на производство. Следуваше и посета на апартманите во склоп на винаријата по што во краток разговор со сопствениците се разговараше како би можеле тие да помогнат каде и како да ги промовираат нивните вина и на кој начин и владата би можела да им излезе во пресрет на ваквите и слични винарии. Потоа гостите заминаа во посета на компанијата „Кожувчанка“. Овде високата делегација оствари средба со менаџерката Јанинка Чупарковска со која заеднички направија тура низ производниот погон и разговараа за работи кои тие како економски советници и промотори би можеле да ги применат.

Советниците се запознаа со комплетниот процес на производство како и со сите алктивности кои оваа компанија ги презема како во нашата држава, така и надвор од границите на Македонија. Следуваше и посета на компанијата „Слога пром“. Беа разгледани капацитетите на компанијата, а потоа во разговор со сопственикот се осознаваа податоци како Владата, а и самите тие како промотори би можеле да помогнат во развојот на компанијата, но и поттикнување на извозните активности во земјите каде што тие ке бидат актуелни економски советници.

Владината делегација ја посети и семејната винарија „Јаковлевски“. На лице место се запознаа со процесот на производство, капацитетите и сортите на грозје и вино кои оваа винарија ги практикува. Во разговор со сопственикот, покрај дегустацијата се разговараше и за сите проблеми со кои малите семејни винарии се соочуваат и на кој начин би можело да им се излезе во пресрет, а особено со промоција ширум светот како еден чекор кон зголемувањето на извозот на квалитетни вина од нашата држава. На крај високата делегација работната посета ја заврши во најголемата балканска визба ВВ „Тиквеш“.

Извор: rtk.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винарија поповикавадарцисиналкоТиквеш
Претходен напис Притоките на Треска претворени во диви депонии
Следен напис Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?