Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва
Агровести

Oд утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва

Објавено 03/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути.

Отворањето на новата авиолинија официјално ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на првиот лет од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.

Новата линија ја поздрави и директорот на ТАВ Македонија, Батак.

-Во ТАВ Македонија сме многу среќни што „Нордвинд“ одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини“, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:nordvindСкопје
Претходен напис (Видео) Владини економски советници во работна посета на Кавадарци
Следен напис Филипче: Ако остане иста состојбата со ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?