Пепелта во градината се користи за бројни намени.
Со оглед на тоа дека пепелта настанува при согорување на растенијата тој содржи 13 основни елементи потребни за раст на растенијата. Извонреден извор на калциум, калиум, фосфор и миктоелементи за градината.
Негова главна задача во почвата е намалување на киселоста на средината за ова ѓубриво ефикасно да делува треба да потекнува од вистинско дрво.
https://www.youtube.com/watch?v=FwCURijDpPU
Пепелта уште одамна е препознаена како подобрувач на почвата и за поттикнувач на растот на растенијата. Уште и древните Римјани ја забележале вредноста на враќањето на пепелта во почвата.
Во 18 век пепелта добиена со горење на дрва служела за добивање на калиумов карбонат. Американците во тоа време биле извозници на пепел. Во далечната 1790 година првиот индустриски процес кој бил патентиран во САД бил за добивање на ѓубриво од пепел. Кога подоцна се откриени поевтини извори на добивање на вар и калиум за ѓубриво, пазарот на пепел замрел.
Многу луѓе во текот на зимата како огрев користат дрва, па често имаат многу пепел со кој не знаат што да прават бидејќи и во кантата за отпад зазема доста простор. Но, пепелот не треба да се фрла бидејќи е вреден, повеќенаменски материјал кој можеме да го користиме и во градината и во домот. Овој неоргански материјал настанува со согорување на органски материјал, а корисен пепел е исклучиво оној од природно дрво за огрев, а не од обработени хемиски состојки (обоено или лакирано дрво, разни видови на брикети и пелети).
Пепелот се одликува со изразено алкални својства и содржина на минерали важни за раст и развој на растенијата, од кои најзначаен е уделот на калиумот и калциумот, а содржи фосфор и магнезиум и многу микроелементи (бакар, бор, цинк, манган, молибден, натриум, железо). Точниот состав зависи од видот на дрвото (постарото дрво е поквалитетно од гранките). Хемискиот состав на пепелта тешко е да се стандардизира бидејќи постојат големи разлики меѓу видовите на пепел.
Востановено е дека пепелта содржи многу калиум и 10-40 % вар, 5-10% фосфор и голем број микроелементи. Не содржи азот, па е потребно одвоено да се додава. Во споредба со минералните ѓубрива, просечната пепел би имала размер како 0-1-3 (NPK). Пепелта од дрвата може да содржи и неколку елементи кои влијаат штетно на околината, како што се тешки метали.
Пепелта како ѓубиво
Пепелта како ѓубриво за растенијата се користела скоро низ целата историја, а денес повторно станува сѐ поомилен додаток во еколошкото земјоделство. Не содржи азот и сулфур, но поради доста калиум и калциум посакуван е за сите растенија кои ги одгледуваме поради плодовите како што е овошјето т.е коренестиот зеленчук (целер, цвекло, морков) како и она плодоносното како домат, тиква, но и зелка.
Додавањето на пепел особено е поволно за кисели почви бидејќи ќе ги неутрализира и (ќе ја покачи ph реакцијата на почвата), но не се препорачува на почвите со алкална реакција која со него ќе стане уште поалкална и со тоа неповолна за одгледување на повеќето растенија. Не се додава таму каде што растат или ќе растат растенија кои сакаат кисело опкружување (боровинка, брусница, мешунки, рододендрони) Општо се смета дека за повеќето просечни почви годишно доволно e да се додаде до 1 кг пепел на површина од 10м2 и тоа најдобро во неколку наврати. Притоа почвата треба добро да ја прекопаме, така што пепелта да се измеша со почвата.
Се препорачува на тоа место растенијата да ги садиме најрано после две седмици, а никако не би смееле да ја користиме пепелта за сеење на семе и пикирање на млади растенија, бидејќи може да биде многу агресивна. И тревниците повремено можеме да ги прихраниме со пепел така што просеаната пепел рамномерно ја расфрламе по тревата и потоа наводнуваме.
На кој начин се користи пепелта?
-Може да се додава во градината директно на почвата во количина од 50-150г/м2. После посипувањето, разнесете ја по земјата не оштетувајќи ги корењата или после расфрлањето на површината на почвата во слој од 3-5 см со мотокултиватор измешајте ја подлабоко во почвата.
-Треба да се внимава семето да не се става директно на пепелта.
-Понекогаш пожелно е да се просее за да се отстранат големите нечистотии.
-Таму каде што континуирано користите пепел, тестирајте ги промените на ph во почвата така што нивото да не се подигне над ph 7.5.
-Никогаш не ја оставајте во купишта или грутки.
-Пепелта можете да ја навлажните пред употреба, но ако претерате, ќе се згрутчи со водата.
-Важно е што порамномерно да се истури пепелта по почвата, што е тешко достапно поради нејзините физички својства. Може да се додава со класична механизација за расфрлање на шталски ѓубрива.
-За да постигнете најдобри резултати, пепелта закопајте ја бидејќи хемиски делува дури кога е во контакт со земјата.
-Само пепелта нема да биде доволна, туку во ѓубрењето треба да се користат и количини на минерални ѓубрива кои одговараат со зголемена содржина на азот и фосфор.