Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Официјално пуштено осветлувањето на речното корито на Црн Дрим
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Официјално пуштено осветлувањето на речното корито на Црн Дрим
Агровести

Официјално пуштено осветлувањето на речното корито на Црн Дрим

Објавено 22/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со пригодна свеченост и огномет, синоќа  беше пуштено осветлувањето на реката Црн Дрим. Осветлувањето официјално го пушти струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Проектот, за кој Општина Струга инкасираше 110.000 евра го обои Дрим во повеќе бои, во сина, зелена, виолетова….

– Должината на коритото е 900 метри, додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1.800 метри. Исполнувајќи ги сите архитектонски барања, осветлувањето на речното корито се реализира во согласност со регулативата на нормативните технички стандарди. Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од нерѓосувачки челик, соопшти Општина Струга.

Проектот беше поздравен од дел од граѓаните, но наиде и на негодувања и критики во јавноста. Стружани искажуваат загриженост за капачите, кои во топлите денови се разладуваат во Црн Дрим, што беше демантирано од локалната самоуправа, од каде посочуваат дека проектот е безбеден, со ниско напонска електрична енергија и не може да претставува опасност.

Еколозите предупредуваат за негативно влијание врз екосистемот.

– Осветлувањето на речните води, го менува циркадијалниот ритам на живиот свет (се губи чуството за ден и ноќ). Дополнително го зголемува или изменува циклусот на раст на водните алги, што влијае врз квалитетот на водата во реката. Светлината го нарушува животот на рибите особено чувство за ориентација, комуникација и растење. Осветлувањето ја зголемува температурата на реката. Загадувањето со светлина значително го намалува живиот свет во градските средини, со што го спречува нивното хранење, размножување и движење. напиша екологотот и професор по биологија, Кирил Пржо на својот фејсбук-профил.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:рамиз меркоСтругаЦрн Дрим
Претходен напис „Нане за мохито“ – маркетиншки трик на пазар во Белград
Следен напис (Видео) Силно невреме ја погоди Европа – Поројни дождови, поплави, молњи и грмотевици…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?