Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години
Магазин

(ВИДЕО) Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години

Објавено 08/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Животно, познато како сибирски еднорог, кое тежело околу 3,5 тони, некогаш се движело по пасиштата на Евроазија. Латинското име му е „Elasmotherium sibiricum“, и имал рог на челото, а се смета за еволутивен предок на носорогот.

Новите, по малку изненадувачки сознанија говорат дека овој „полу-митски ѕвер“ живеел по Земјата во истовреме со луѓето. Некогаш се сметаше дека овој вид изумрел пред 100.000 до 200.000 години, но неодамнешното датирање на фосилни останки го смести во времето од пред само 39.000 години. Важи за роднина на носорогот, но по големина, сибирскиот еднорог се споредува со денешниот слон – поради неговата должина од околу 4,5 метри. Сепак, можеби највпечатлив е неговиот рог којшто додава два метри во вкупната должина. Веројатно рогот ссе состоел од кератин, како и роговите на денешните живи носорози, но тоа допрва треба да се докаже преку зачуван примерок, бидејќи кератинот не преживува меѓу фосилите, каков што е случајот со коските.

Меѓу најзначајните наоди е целиот череп, којшто веќе неколку години се наоѓа во Природонаучниот музеј во Лондон, Велика Британија. При проучувањата на ова ретко откритие заради датирањето, професорот Адријан Листер и неговите колеги заклучија: Фосилот е стар помалку од 40.000 години.

По консултација со научници од Русија и Холандија, тезата дека овие животни изумреле пред 200.000 и 100.000 години, е отфрлена.

„Постојано ограничениот географски опсег на движење за ‘Elasmotherium‘ (веројатно поврзан со неговото посебно живеалиште), како и малубројноста на овој вид и бавната стапка на размножување поврзани со големиот обем на телото, би го предиспонирале за исчезнување, како и промените во животната средина, додека Преживеале еколошки слични, но многу помали видови (на пр. ‘S. tatarica‘)“, се наведува во научниот напис објавен во „ИФЛ сајенс“ (IFLScience).

Истребувањето на овој вид теоретски би можело да биде забрзано од притисокот на човекот и ловот, со оглед на замената на неандерталецот со хомо-сапиенсот во подрачјето на Евроазија. Но, во мигов нема докази за остатоците од „Elasmotherium“ во ниедно археолошко наоѓалиште поврзано со луѓе, ниту пак, уметнички прикази. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:40.000 годиниизумрелпомалкуСибирскиот еднорог
Претходен напис Денеска сончево и топло, утре попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Потребите за вода во земјоделството се големи, намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?