Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потребите за вода во земјоделството се големи, намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потребите за вода во земјоделството се големи, намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата
Агровести

Потребите за вода во земјоделството се големи, намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата

Објавено 08/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потребите за вода во земјоделството се големи. Намалувањето на температурите и повремените врнежи не ја сменија состојбата, поради што наводнувањето останува приоритет, велат агрометеоролозите од УХМР. 

Како што истакнуваат, во овој период да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и да продолжи примената на сите агротехнички мерки кај посевите.

-Изминатава недела имавме сончево и топло време со повремени врнежи на дожд на некои места. Овие количини на врнежи од дожд не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Намалувањето на температурите за неколку степени не ја смени состојбата на долготрајната суша во земјоделството. Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки кои се наоѓат во фаза на берба и зреење на плодовите. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, особено за пченката и сончогледот кој се наоѓа во фаза на исполнување на зрното. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдување на земјоделските култури со потребното количество вода, да се посвети поголемо внимание на заштита од појава на пламеница кај виновата лоза и кај сите останати посеви да се продолжи со грижа и примена на сите потребни агротехнички мерки, нагласуваат агрометеоролозите.

Денес, потсетуваат, претежно во западните делови, ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во петок. За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 11 до 23, а максималната од 30 до 39 степени.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:водаземјоделствотопотребитесостојбататемпературите
Претходен напис (ВИДЕО) Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години
Следен напис Трипуновски: Исплатени субвенции за произведено и предадено винско грозје во висина од 58.607.081,00 денари кон 4.101 корисник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?